Wednesday, February 6, 2013

Статија во Дневникот Вечер за Центарот за Природна Медицина


ПРИРОДНАТА И ИНФОРМАЦИСКАТА МЕДИЦИНА СТАНУВААТ СВЕТСКИ ТРЕНД

И Скопје има центар за природна медицина

Како што појасни Жаклина Марковска Христовска, лекар по природна медицина и информотерапевт, со новата метода се дијагностицираат и лекуваат голем број болести, но и се откриваат пред тие да дадат клинички манифестации.

Човековата иднина е во медицинската превенцијата оти не случајно е речено подобро е да се спречи отколку да се лечи. Светски тренд за добро здравје е да се намали употребата на синтетички препарати, а повеќе да се употребуваат природни лекови, билни средства за одржување и корекција на здравјето, но и правилната исхрана. Токму основна цел на природната медицина, која опфаќа научна и практична дејност, е одржување и зачувување на здравјето на луѓето. Таа ги поврзува достигнувањата на класичната, официјална, медицина и најбогатите традиции на народната медицина на различни народи во светот, како и методи на диетологија, нутриционизам и фитотерапија, т.е. методи за спречување и лекување на болести со помош на природни - билни средства. Освен акупунктурата, хомеопатијата, мануелните терапии и психолошките методи, кои влегуваат во природна медицина, во последниве години се издвојува една посебна гранка информациска медицина.

Информотерапијата претставува гранка на медицината која го проучува влијанието на информацијата врз физиолошките, биохемиските, биофизичките и патолошките процеси во организмот на човекот, како и процесите на добивање, кодирање, чување, декодирање и користење на информациите, но и ги разработува методите на примена на информацијата во лекување и превентива.

Во Македонија веќе работи центар за природна медицина, во којшто дијагностиката се извршува со мерење на апукунктурни точки на телото со пасивна сонда или електрода. Како што појасни Жаклина Марковска Христовска, лекар по природна медицина и информотерапевт, со оваа метода се добиваат одредени показатели на дисплејот на апаратот кој содржи претходно зададени информации и барања.

Со мерењата добиваме податоци за активниот потенцијал на клетката на органот што го испитуваме, а со самото мерење и вредностите што ги добиваме преку апаратот имаме увид во здравствената состојба на човекот. Тоа ни укажува каков процес се одвива во него, воспалителен или дегенеративен. Дали има вируси, бактерии, габички, протозои, глисти - вели Марковска Христовска, која со оваа метода се занимава околу една година.

Нејзината едукација започнала во Институтот за природна медицина во Белград, а доедукацијата е кај професорот Василиј Федоривски од Украина. Според неа во земјава активно работат 11 информотерапевти. За дијагностика се користи ДИАКОР апарат хардверско-софтверска програма. При лекувањето со помош на информација се користи енергија која е зачувана на АТФ (аденозинтрифосфат), креатинфосфат и други високо енергетски материи кои веќе се наоѓаат во организмот на човекот и кои можат да се синтетизираат во организмот. Тоа значи дека при практикување на информотерапијата информациите содржани во посебен микрогенератор преку кој организмот ги прима, предизвикуваат во него процес на создавање внатрешни лековити средства. 

Оваа информотерапија опфаќа долгогодишна работа на научници од биофизиката, физиологијата, биохемијата, генетиката, мембранологија, рефлексотерапија, природната медицина, молекуларната биологија, ембриологијата, хомеопатијата, физиотерапијата, а најголема заслуга има Зерновиј Д. Скрипњук, научник од Украина. Со неговите залагања самиот апарат ги добива сите сертификати, заштитен е од Министерството за науки во Украина и поседува потврда за државна регистрација. Методата е извонредна бидејќи овозможува да се види и како ќе реагира некој лек уште пред да го земе пациентот. Така се одредува точна терапија, и информотерапијата и фармаколошката, со тоа што може да се истестира и дозата на лекот. На ист начин се добиваат и се детектираат инфективните агенси и се откриваат вирусите, бактериите или паразитите вели Марковска - Христовска.

Таа појаснува дека секој микроорганизам има биолошка фреквенција која претходно е утврдена и при самото мерење на потенцијалот на одредени контролни точки веднаш знаеме дали постои во организмот некој микроорганизам или не. 

Со методата успешно можат да се утврдат многу рано настанати процеси кај некои заболувања и можност да се спречи. Се утврдуваат акутните и хроничните болести во телото, се открива и болеста пред да се покажат клинички манифестации. Се одредува и степенот на заситеност од витамини и микроелементи, а се коригира и неговата исхрана. Може да се утврди и причинителот на дадената дијагноза на одреден орган и е ефикасна во лекување на акутни и хронични болести, машкиот и женскиот стерилитет, пореметувањето на менструалниот циклус, хипо и хипертироза, токсични гушења, некои заболувања на кожата, псоријаза, синдром на хроничен замор, алергиски заболувања, хроничен бронхитис, хронични главоболки од различна генеза - мигрена, хроничен ринитис и синузитис, при дискинезија на жолчните канали, бубрежни заболувања, хроничен запек, хроничен циститис, дијабетес, проблеми на ендокриниот систем, хормонскиот дисбаланс, кај лимфниот систем, гастроинтестиналниот тракт, кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, коските и зглобовите, бронхо-белодробниот систем, имунолошкиот систем, горниот респираторен тракт, гинекологија, паренхимен орган. Исто така, може да се утврдат и отровите, алергии, вируси, бактерии, паразити, габички, микоза и сида. Да се утврдат анаболни процеси, како и катаболички процеси на имунолошкиот систем, лимфен систем, но се користи и кај онколошките заболувања - објаснува Марков

Според нејзиното секојдневно искуство во земјава малкумина знаат за информациската медицина и нејзините можности. Во зависност од состојбата на пациентот, една терапија, т.е. една сеанса, трае 21 ден. Методата се користи 16 години во повеќе држави: Русија, Украина, Австрија, Германија, Хрватска, Америка, Србија, Македонија, Црна Гора и наскоро во Словенија.


Фото: Ѕ. Плавевски
Валентина МАРЈАНОВИЌ

Извор: Вечер Website
среда, 06 февруари 2013, Бр. 15205

No comments:

Post a Comment