Sunday, February 17, 2013

ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК - Тивок убиец



ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК
Тивок убиец


            Секој трет човек денес има покачен крвен притисок. Тие особи со хипертензија имаат трипати поголема можност да имаа срцево затегање и осум пати поголема можност да доживеат мозочен удар.
Како да се дознае дали крвниот притисок е покачен?
Хипертезијата ја дефинираме  како стално зголемена вредност  на систолниот ( горниот ) крвен притисок кога е над 140 mm Hg.  И стално покачен долниот ( дијастолни ) притисок кој е над 90 mm Hg. Оптимален притисок за сите воздрасти и полови, изнесува 120/80. Иако хипртензијата најчесто не се чувствува и поради тоа  е наречена тивок убиец, таа може да поттикне прогресивни промени во крвните жили се додека не се појави првиот  драматичен знак на таквиот процес: најчесто мозочен удар или срцев инфарк.
Која е причината за покачување на крвниот  притисок?
Хипертензијата може ретко да биде последица на некој тумур, хормонални или бубрежни болести.. Во преку 90% случаеви не е можно да се одредат органски причинители. Затоа и се нарекува есенцијална хипертензија.
За есенцијална хипертензија допринесуваат следите фактори:
-          Внес на голма количина на сол.  Можеби звучи невереоватно, али околу 80% на светско ниво од населението кај кое внесот на солта е по пат на храна и е многу низок, тие  не знаат што е тоа  покачен притисок. Кај друга група на популација каде се користи голема количина на сол и кои ја обожаваат солената храна, кај нив често се јавува зголен крвен притисок. Американците на пример, трошат 10 до 12 гр сол дневно. Тоа се  три до четири чајни лажички сол дневно или 10 – 20 пати  повеќе одошто му е потребно на организмот. Ова се случува секаде не само во Америка.
-          Дебелината. Речиси кај секоја особа со изразена прекумерна тежина кога тогаш ке се развие хипертензија. Во прашање е само на време.
-          Наслаги на зидовите на крвните жили. Стеснување и зачепување на крвните жили го приморуваат организмот да го зголеми крвниот притисок како би можела крвта да стигне со сите клетни на телото каде треба доволни кислород и хранливи материи за нормална работа.
-          Недостатотк на вежбање.
-          Пушење.
-          Естроген. Овај хормон кој се наоѓа во таблетите за бременост, а се користи и за ублажување на симптомите за време на менопауза ја задржува солта  во телото. Со самото тоа и тој може и тоа како да биде причина за зголемување на крвниот притисок и зголемување на телесната тежина, заради задржување  на премногу течност во организмот.
-          Алхохол.  Хаучните студии  покажаа дека и дури умерените количини на алхохол се одговорни  за 5 до 15%  случаи на хипертензија.

Зошто луѓето јадат толку сол?
Во деншниот начин на живот тешко можеме да се ослободиме во целост од претераното внесување на сол. Околу 75%  солта која ја внесуваме се наоѓа во прехрамбените  намирници и готовите јадења. Многу е лесно да се развие желбата  за сол, тоа незабележително го прават  солените грицкалици кои ни се нудат.

Што е со лековите за зголемен крвен притисок?
Кон крајот на 20 век произведени се многу анти-хипертензивни лекови кои делотворно го снижуваат крвниот притисок. Некои од нив  дословно спасиле многу животи. Али  најголемиот дел од нив дава моментален резултат, односно  брзи решенија на кои ние луѓето од 21 век сме толку склони.
Али ако добро ги проучиме, ќе уочиме и некои сериозни недоатоци: тие во суштина не го лечат зголемениот притисок. Во некои случаи  се земаат цел живот. Нивните неугодни пропратни појави можат да бидата умор, депресија, недостаток на полна желба и импотенција. Додека таквите лекови ни помагаат да се спасиме од мозочен удар, тие нас не не штитат од коронарна атросклероза (зачепување на срцевите крвни жили) . Дури некои анти-хипертензивни лекови можат да поттикнат атересклероза со тоа што го зголемуваат холестеролот во крвта, и да го зголемат ризикот и развојот на шекерна болест и гихт.

Дали постои некое друго решение?
Низ многу големи научни студии  се докажа дека едноставната исхрана и со промената на начинот на животот се може и без лекови, за само неколку недели да се решат нагјолем број на случаи со есенцијална хипертензија.
-          Голем број на луѓе осетливи се на сол и би имале огромна корист од неговото намалување во исхраната.
-          Кога ќе ја смалите телесната тежина,  обично опаѓа и крвниот притисок. Слабеењето е многу често потребна мерка за решавање на зголемениот крвен притисок.
-          Исхраната богата со влакна и со многу малка количина на масти го снижува притисокот околу 10% дури и без губење на килограмите или со само смалување на солта. Разредување на крвта што е последица на помалку внесување на маснотии, најчесто доведува до овие поволни промени.
-          Изфрлање на алхохолот од употреба  исто така ќе поттикне смалување на притисокот и исто така ќе поттикне и разни други метаболички процеси со леснотија.
-          Вежбањето исто така  го снижува притисокот, со смалување на отпорот   во периферните  жили. Освен тоа со редовно вежбање или спортска активност се доаѓа до општо здравје и чувство на задоволство.
Луѓето кои ги користат лековите за смалување на притисокот не би смееле да си играат (лекари) и на своја рака да ја смалуваат или зголемуваат дозата или неодговорно да ја применуваат. Но оние кои сакаат  да спроведат здрави промени во начинот на живеење нивниот лекар сигурна сум дека со задоволство ќе им помогне да постепено  се ослободат со медикаментозната терапија...
Првите чекори кои можете да ги направите  за смалување на притисокот  е  веднаш да престанете со лошите навики.  Престанете да ја досолувате храната, внимавајте на скриената сол во готовите намирници, еве неколку примери:
Некои преработени намирници ( 100) гр.                          
Пециво 553 мг
Чипс 594 мг
Грички 884 мг
Кечап 950 мг
Маргарин 994 мг
Крекери со сирење 995 мг
Гета сирење 110 мг
Топено сирење 1260 мг
Димена шунка 1440 мг
Пржена сланина 1600 мг
Рибја пастета 6246 мг
Итн..
Дневната потреба од сол е помала од 2000 милиграми или пола грам дневно или практично тоа изнесува околу една петтина од малата лажичка.  А секој човек речиси во текот на денот со 3-4 оброци вклучуваќи ги грицкањата измеѓу оброци внесува до 20 пати повеќе сол од потребното.
Снижете го својот притисок!
Јадете свежо, сирово овошје и зелечук. Не додавајте сол на зелеччукот, тоа ги зголемува залихите на калиум  во вашиот организам кој сам по себе помага  да го снижи крвниот притисок.
Ако веќе не можете без грицкање грицки, побарајте несолени. Зеленчукот гответе го така да остане хрставо, тоа во таков облик ќе бара помалку сол и ќе биде повкусно.
Научите да ја зачинувате храната со лимонов сок, магдонос, лукче или кромид наместо сол.
Потрудете се !

No comments:

Post a Comment