Sunday, August 18, 2013

13 ПРАВИЛА








13 ПРАВИЛА



За  да не биде храната отров, туку да му користи на здравјето, потребно е да се исполнат неколку правила во исхраната. Еве ги тие правила:

Прво правило:  Не употребувајте храна која поминала низ индустриска преработка. Подбро е се да се подготви од производи кои што не се преработувани.

Второ правило:  Основно мени ( 5-6  отсто од секојдневниот оброк на исхраната) – мора да се состои од ориз и од житни растенија, и тоа само од цели, неизмелени зрна од кои хранат треба да се подготвува со раце. Таа храна можеме  да ја јадеме во неогрничени количини.

Трето правило:  Зеленчукот и овошјето мора да бидат застапени со 30 – 35 отсто во храната која се консумира во текот на денот. Подобро е да се употребуваат свежи, по можност, со лушпата,  или варени  но не печени.

Четврто правило:  Со 5-10 отсто  во вкупната секојдневна  количина  на храната мора да учествуваат мешункастите растенија ( грашок, леќа, грав), и морските алги.

Петто правило: Со 5-10  отсто  во храната што се консумира во текот на денот мора да учествуваат супите од зеленчук и од житни растенија.

Шесто праволо: 5-10 отсто од секојденвниот обем на храна, според вашата желба, мора да бидат рибите, оревите, семките.

Седмо правило:  Месото од живина, млечните производи, маста и јајцата може да се јадат многу ретко, во посебни случаеви, а најдобро е да не се консумираат.

Осмо правило: Не злоупотребувајте ги напивките, избегнувајте ги лимонадата, кафето, црниот чај – дајте му првенство на зелениот чај, на кафените напивки од житни растенија, на билниот чај, на чајот од жен шен, или корен од лотос.

Деветто правило:  Храната треба да се подготвува само во вода и само да се вари, а не да се пржи, во краен случај – со додавање на мали количини масло.

Десетто правило:  Зеленчукот што е презаситен со јин – на пример, доматите, компирите – треба да се употребуваат колку што може во мали количини.

Единаесетто правило:  Одлично би било ако сами подготвувавате леб. Правете го од грубо измелено брашно, со трици и со цели зрна. Доколку користите веќе подготвен леб од бело брашно, избирајте леб со трици или од цело зрно.

Дванаесетто правило:   Сета храна треба исклучително добро да се џвака – минимално 50 пати, а најдобро е 100 пати. Доколку храната е полезна, со доброто џвакање таа станува уште повкусна. Доколку џвакате долго време едно парче од препржено месо, ке почуствувате дека во него нема никаков вкус. А ако нема вкус- нема ниту енергија. Со другата храна тоа нема да ви се случи. Тоа е закон.  Џвакајте се додека не го почуствувате вкусот на храната.  Додека  го чувствувате вкусот – вие во себе ја впивате енергија на храната.

Тринаесетто правило: Не прејадувајте се, тргнете се од трпезата со чувство на лесна глад – тоа е нормална состојба, зашто чувството на заситеност не доаѓа веднаш, туку половина час по јадењето, кога храната ке почне да се усвојува  од страна на организмот.  Да се поттестиме на старата мудрост: “ Доколку си се тргнал од трпезата со чувство на наситност – тоа значи дека си се прејал;  доколу пак, си се тргнал од трпезата со чувство дека си се прејал – тоа значи дека си се отрул“.

No comments:

Post a Comment