За постарите и за оние кои имаат проблем со крвните садови - ПРОСО
- благотворно влијае и на желудникот
Просото е жолтеникаво-бела житарка која е од извонредно значење за постарите лица кои страдаат од оштетувања на крвните садови.
Лековитите својства на просото се огромни: благотворно влијае на желудникот, слезинката, ја обновува цревната флора, го подобрува варењето, штити од умор, бронхитис, кариес…
Просото го поттикнува исфрлањето на отровите од организмот преку мокрење и потните жлезди.
Со јадењата во кои е присутно просото, а поради неговата алкалност, се делува одвнатре во организмот за прочистување на крвта и нормализирање на киселоста. Просото го спречува трулењето на храната во цревата.
Консумирањето на просо во комбинација со зеленчук, минимум два пати неделно, извонредно влијае на свежината и убавината на тенот.
Најдобрите зеленчукови супи наместо фиде користете го просото.
Најдобрата житарка ја дадовне на птиците и рециси ја заборавивне.
No comments:
Post a Comment