Tuesday, March 11, 2014

Леблебијата подобра од месото


Леблебијата е богата со растителни влакна што го олеснуваат здравјето, содржи магнезиум кое е и тоа како потребен за здраво срце и здрави коски. Ја спречува појавата на остеопорозата бидејќи е природен извор на калциум, бакар и магнезиум, а според новите научни истражувања, тие имаат многу важна улога во врзувањето на калциумот за коските, тоа ни укажува дека остеопорозата се јавува не поради недостиг на калциум, туку поради дефицит од магнезиум.

Освен тоа овој минерал учествува во регулирањето на срцевиот ритам и во намалувањето на нивото на холестерол, а многу е важен за бремените жени бидејќи ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено породување.

Леблебијата содржи до 23% протеини, 58% јагленохидрати и околу 5% растително масло. Побогата е со железо отколку месото, а притоа овој минерал не се губи при готвење. Истата е и моќен афродизијак.

Оваа мешунка содржи растителни влакна одговорни за намалување на холестеролот, учествува во исфрлање на сулфатот, штетно соединение кое се користи како конзерванс во преработката на храната.



No comments:

Post a Comment