На организмот му е потребен многу значаен минерал кој помага за зацврснување на коските, ноктите и косата. Станува збор за минералот силициум.
Силициумот го помага создавањето на ензимот prolyhydroxylase кој е важен при формирањето на колагенот во коските, `рскавицата и сврзното ткиво.
Овој минерал може да се најде во: бадемите, јаболката, цвеклото, целерот, грозјето, леблебијата, кафеавите морски алги, овесот, кромидот, пашканатот, јагодите, семките од сончоглед и други плодови.

За жал, мал процент од луѓето се информирани за значењето на силициумот и последиците од неговиот недостаток.
При недостаток на силициум се јавуваат: голем број брчки на лицето
несоница
раздразливост
грчеви во мускулите
слаб развој на коските
кршливи нокти
опаѓање на косата.
За да ја нормализирате количината на силициум која е потребна во организмот се потребни најмалку два месеци редовно конзумирање храна богата со силициум. Најбогат извор на силициум е користењето на коњско опавче.
No comments:
Post a Comment