Wednesday, February 13, 2013

АНЕМИЧНОСТ (АНЕМИА)




Анемичност ( анемиа )


Крвта се состои од крвна  течност и честички (црвени и бели  крвни плочки). Црвените крвни зрнца служат за пренесување на кислородот кој е неопходен за живот. Белите крвни зрнца помагаат во одбраната од инфекции.
Болести на крвта можат да настанат  и кога се менува бројниот однос на крвните зрнца (било да се зголемуваат или намалуваат, или кога се намалува способноста на згрутчување на крвта, заради што доаѓа до крварење на телото или кожата па така се намалува волуменот на крвта што циркулира.  Може да се распрсне некој  крвен сад (со убод на нож или слично при некоја несреќа) па крвта се излева во шуплините на телото или тече надвор од телото, заради што исто така доаѓа до губење на крвта. На тој начин, во најгруба форма, можеме да зборуваме дека доаѓа до недостаток на крв или до анемија.  Ако доаѓа до промена во самата крв и нејзините состојки како последица од болест, тогаш зборуваме за примарна анемија, а кога станува збор за губење на крв поради повреда и слично тогаш зборуваме за секундарна анемија.
Анемијата ја намалува способноста на крвта да го пренесува кислородот кој е потребен за  живот на ткивата и органите на човекот.  Најчувствителни органи на човекот при недостаток на кислород се мозокот и срцето. Заради тоа настануваат пречки како што се: главоболки, физички и психички замор, паѓање во бесознание, бледило на лицето и усните, вртоглавица, зуење во ушите итн.
Невнимателноста е опасна. Штом ќе се забележи болеста е потребно да се бара причината и да се отстрани.  Основниот лек против тоа е болниот   точно да се придржува кон здравствените правила:
-          Правила против анемичност. Ако некој на себе ги забележи првите знаци на болеста, еве го лекок за неа:  Прво да се движи во пријатно друштво и да работи некаква полесна работа, добро  е од себе да ги оддалечува сите мисли кои би му навлекувале тага, работеќи или шетаќи заради оздравување на чист воздух, потребно е длабоко да свирка, бикеќи болниот на тој начин се пренесува од една душевна состојба во друга, и на тој начин ги заборава и ја губи можноста да се впушти во мисли кои го уништуваат.
-          Второ, да се одбегнуваат, колку е можно повеќе, секаков вид на нервози и караници, а посебно при исхраната и легнувањето во постела, и било какво умствено и телесно силно напрегање.
-          Трето, да се одржува најголема хигиена во станот, околу станот на постелата и на самото тело.
-          Четврто, да се пие растително млеко, оризово, бадемово, соино, ореово млеко и сл. по 3 чаши дневно.
-          Петто,  наместо леб да се јаде варена пченица, или барем леб од непросеано брашно или качамак.
-          Шесто, секој ден да се внесува обилни количини зелени салати.
-          Седмо,  зрели цреши, кајсии, свежо и суво грозје, сос од кромид и ротквици. Ротквицата е подобра да се јаде без сол.


                  
-          Осмо,  сексуалните односи да се сведат на најмала временска мерка.
-          Деветто, ако можностите даваат, да се престојува на некое планинско и здраво незагадено  место.
-          Десетто, неопходно е во летниот период секој ден по еден до два часа да се шета на чист воздух, ставаќи ги рацете на грб, исправено одеќи.
-          Единаесето,  дишете длабото, вдишете длабоко на нос а  потоа издишете полека на уста до крај, ова е најважно за белите дробови, се издишува малаксаноста и болеста а се вдишува здравје. Колку повеќе чистиот воздух се вдишува толку  повеќе крвта се прочистува и белите дробови ширеќи се ги заздравуваат своите пореметени функции.
Многу важно е во некои случаеви во лекувањето на анемијата да се додадат  витамини, од групата  Б – витамини, Ц – витамин и фолна киселина, препорачливо е да се природни додатоци, но само на почетокот а потоа да се потпрете само на земање на витамините од разновидната исрана. Исхраната игра најважна улога, разновиден зелечук и овошје,  махунарки и орашасти плодови, чиста изворска вода...
Исто така и изложување на сонце во утринските и попладневните часови.
Коктели од цедени природни  овошја и разни зелечуци и додавање на одредени билки  и тоа како благотворно делуваат  во справување со анемијата.

No comments:

Post a Comment