Wednesday, February 27, 2013

СОВЕТУВАЊА КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ ПРИ АРТРИТИС




СОВЕТУВАЊА
КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ ПРИ АРТРИТИС


И покрај тоа што копривата се спрема и се готви како вкусен зелечук, многумина не ја јадат воопшто. Побрзо прифаќаат со копривата  да се жарат собираќи ја билката со ракавици, а потоа се плескаат по своите укочени и отечени зглобови. Овај обичај е наречен  уртикација од ботаничкиот назив на копривата urtica dioica- потекнува најмалку од пред 2000 години,  уште од библиско време.  Иако изгледа како чуден обичај  неизбежен е фактот дека се одржал овај обичај само затоа што помoгнал на милјон  луѓе.  На еден познат гитарист кој нема да го именуваме  а убедливо ни раскажува за неговата  баба ( мајка на неговата сопруга) која е писател и која баш заради артритисот неможела да продолжи да пишува,  ја посоветувал да го примени овај метод и да проба да си помогне, тој  е сведок како нејзината состојба видно е подобрена, така да сега во нејзиниот двор  насекаде по бавчата расте коприва.
Немојте да мислите дека уртикацијата  е нешто што го практикуваат само оние кои боледуваат од артритис. Уртикацијата често прилично брзо ги ослободува грчевите и болките во зглобовите и смалување на отокот на зглобовите за многу кратко време.
Од многу лекари ке слушнете секакво објаснување но јас како  проучувач на ботаниката, морам да кажам дека она што се случува кај артритисот како заболување е повеќе од хемиски него од психолошка природа при примена на уртикацијата.  Постојат значајни докази  во народната медицина дека копривата поседува  одредени специфични антиартритички особини. На секој континет каде што расте копривата доби репутација  како средство  за лечење на артритис.  Дали тоа би можело да е случајност? Се разбирана не. Лично верувам во моќта на билката.

Лечење со џин и суво грозје

Пред неколку години имав прилика да прочитам во едно америчко списание каде новинарот  Paul Harvey препорача да се користи сувото грозје потопено во џин за многу заболувања т.е при секаков вид на болки, вклучуваќи го и артритисот.  Не требаше многу за да го применам ова и да проверам дали има ефект толку голем како што беше објаснето, зашто бев опкружена со блиски кои страдаа од артритис, и навистина даде неочекувани резултати. НАВИСТИНА ИМА ЕФЕКТ.  Со години мојата блиска пријателка користеше аналгетици за смалување на болките  но на кратко. Години наназад со огромни болки заборавила како се живее без болка, на заедничко задоволство  и изненадување ова даде олеснување и исчезнување на болките во зглобовите. Искрено не застанав тука пробав да го примениме кај мигрената, и  искрено имавме полн погодок.
Свежото и сувото грозје  содржат многу хемикалии кои делуваат аналгетски, антиартритичко и антиинфламаторно. Гледајќи  ја долгата листа на состојки кои природно се наоѓаат во грозјето, мислам дека аналгетска вредност има ферулната киселина, гентизинската киселина,

кемпферолглукозидот  и салицилната киселина која е слична на аспиринот.  И свежото и сувото грозје  исто така содржат антиинфламаторни состојки: аскорбинска киселина циметна киселина, кумарин, мирицетин, кверцетин...  Последниве неколку години ова предизвика многу интерес да би го истражиле  и да се види што е тоа што е толку моќно,  при споредување на сувото грозје и свежото грозје  дошле до заклучот дека сувото грозје содржи  повеќе состојки  од свежото – сировото бидеќи во него има помалку вода.
Лично побрзо би зела суво грозје со џин и покрај тоа што алхохол воопшто не пијам , отколку да паднам во зависност од  антистероидни, антиинфламаторни лекови. Сувото грозје сигурно помалку штети  од џинот во кој е потопено, нарочите ако имате болки во коските и зглобовите. Алхохолот е главен покренувач на болки во коските, на пример доколку би пиеле пиво или вино и сте обожавател на алхохол  при болки се забранува алхохолот. Но доколку ( не сте алкохоличар), скромно конзумирање алкохол може да помогне во отклонување на артритични болки.

БОЛНИ ЗГЛОБОВИ

АРТРИТИС  буквално значи „восппаление на зглобови“  Врз основа на податоци на Фондацијата за борба против артритисот, постојат повеќе од  100 различни болести кои предизвикуваат болки и воспаление на зглобовите. Меѓутоа кога меѓу народот ќе се каже артритис веднаш се мисли  на остеоартритис, познат како дегенеративна болест на зглобовите бидејќи е најраспространета, од која болуваат околку 16 милијони само Американци. Остеоартритисот постепено се развива како болест. Симптомите понекогаш се ублажуваат со малку активност но  не секогаш.
Друг најчест облик на артритис е реуматоидна варијанта.  Реуматоидниот артритис (РА) има лоша репутација бидеќи може да доведи до  инвалидитет и деформитет на зглобовите.

Супа за артритис
Почнет е со комбинирање на главните состојки, потоа зачинете со било кои зачини што ви се привлечни. Ако некоја состојка не ви се допаѓа или ви недостасува едноставно прескокнете ја.
¾ вода, 2 шољи сечкана зелка,  1 шоља боранија исечена на кругови, 1 шоља сецкан целер, 1 шоља листови од коприва,  ½ шоља сецкан морков,  ½ шоља  глуварче (листови и корен), ¼ шоља спанаќ, ¼ шоља сецкан црн патлиџан, ¼ шоља сецкана водопија.  2 лажици исецкан лук, 2 лажички куркума, 2 лажици сладич, две лажици семе од јагорчевина, алева пиперка,  мелен црн бибер, ленено семе, сапарин, пискавец,  сок од лимон.
Ставете вода во големо тенџере. Додајте  ја зелката, боранијата, целерот, копривата , морковите, шпарлгата, листовите и коренот од глуварчето, спанаќот, патлиџанот, водопијата, лукот , кркумата сладичот, семето од јагорчевината. Зачинете со алова пиперка, бибер, ленено семе и сокот од лимот и другите предложени зацини. Ставете да проврие на појака температура. Потоа смалете ја температурата, поклопете и оставете да крчка 20 до 30 минути. Ова е доволно за 4 порции.

За среќа постојат и други билки освен копривата кои помагаат  за артритисот.

ЃУМБИРОТ И КУКРУМАТА. -  Во една студија на индиски истражувачи давале од три до седум грама ( 1,5 до 3.5 лажици) ѓумбир дневно на осумнаесет болни од остеоартритис и дваесети осум со реуматоидни артритис.  Повеќе од 75 одсто од овие учесници  известиле дека дошло до видливо подобрување и смирување на отоците и болките.  Дури и после  двегодишно користење на џумбирот никој не пријавил несакани дејства.   Исто така во книгата Ваш чудесен лек од  Јеан Карпер изнесува податоци за ѓумбирот и куркуминот кои се хемиски сродни, така што не сум изненадена  што оваа билка има репутација лек против артритисот..


АНАНАС. - Некои интересни проучувања, упатуваат дека бромалинот, хемикалија која се наоѓа во ананасот, помага  во спречување на воспаленија. Бромелинот може да помогне  да се ослободи организмот од имуноантигенски комплекс, состојка која е важна за некои артритични состојби. Тој исто така помага  за варење на фибринот,  кој е исто така важен .

ЛУТИ ПИПЕРЦИЊА.- Хемикалијата од овие пиперчиња ја отклонува болката и се вика капсаицин и го потикнува телото да лачи ендрофини. Исто така содржат  состојки слични  на аспиринот познати како салицилати. Можете да направите чај доколку пиперчињата ги потопите во вода, али многу поедноставно е да ги ставите и да ги користите во готвените јадења. Многу едноставно е да пробате да изрендате патлиџан и во сокот да додадете пиперче и да го испиете.

Проучувајќи  ја оваа болест наидов на податик од Фондацијата за реуматоидни болести  која тврди дека  три милиграма изделкан бор во дневна доза може да биде од голема помош во текот на третманите на остеоартитисот.  Исто итака и дека копривата содржи 47 милионити делови од минералите на борот во сува тежина. Тоа значи дека една порција  од 100 грама коприви  подготвени со попарување и готвење млади листови, може лесно да содржи повеќе од препорачаните три милиграма бор. Према Фондацијата борот е делотворен  за реуматоидни болести бидејќи помага  за задржување на калциумот во коските. Исто така има влијание на ендокриниот систем и помага на телото да ги одржи коските и зглобовите здрави.

МУЛТИАРОМАТИЧЕН И АНТИОКСИДАНСНИ ЧАЈ ПРОТИВ АРТРИТИС

Рузмаринот   и  вранилова трева  се ароматични билки со антиоксидансни својства. Додадете уште и босилек, исоп, маточина, нана, рузмарин, жалфија, чубрика и мајчина душица, џумбир и малку куркума. Од сите овие тревки ставете по прстохват и попарете со 250 мл, врела вода  нека отстои 10 тина минути процедете и пијте го млак и полека. Сите овие билки имаат моќни антиоксидативни средства. Составот на враниловата трева има моќ  да спречи оштетување на клетките кои се предизвикани од слободните радикали- високонестабилни молекули кои ги крадат  електроните од другите молекули  и со кои се судруваат. Големи се доказите дека


антиоксидансите можат многу да помогнат во ублажување на тегобите настанати како последица на артритисот.
Чајот од врбина кора исто така  може да ги смали болките, ја има истата способност како и аспиринот, содржи  хемикалија наречена салицил која компанијата Бајонер ја претвори во бели апчиња, ацетиллсалицилна киселина- лек против болки наречен аспирин, кои многу заболени од артритис  го земаат секојдневно. Сепак и кората  на врбата може да делува на желудникот заради тоа ви препорачувам да  додадете малку сладич, малку зашто сладичот може да предизвика повисок крвен притисок, задржување на натриумовите соли  и да предизвика други тегоби. Затоа е добро да се додаде и малку лук кој делува и контра дејството на сладичот, и ете ви ја формулата за добар одмерен чај:  приближно три дела сушена врбова кора, два дела сушен корен од сладич и еден дел  згмечен лук. Потопете во зовриена вода, нека отстои 15 минути, и ако вкусот не ви се допаѓа додадете малку лимон или мед.

ПРОКЕЉ.- Многу студии покажаа дека многу особи кои имаат ниско ниво на антиоксиданси -глутатион, имаат  поголеми шанси  да заболат од артритис од оние кои ова  соединение го имаат во покачени вредности. Меѓу зеленчукот кои го имаат  глутатионот се: шпарглата, зелката, карфиолот, компирот, патлиџанот. Овошјето кое ја содржи оваа глана состојка:  авокадо, грејпфрут,помаранџа, праската  и лубеницата.

РУЗМАРИН. – Во античкото време рузмаринот  бил познат како лековита билка која го подобрува памтењето. Сметам дека ова тврдење е точно бидејќи  содржи антиоксиданси кои го оспоруваат стареењето на клетката, а стареењето е секако  во врска  со губењето на памтењето. Бидејќи е јак антиоксиданс  задолжително е вклучен во борбата против артритисот.

ВИТАМИНОТ Ц. -  Овој витамин го успорува напредувањето на болеста. Најголем извор на витамин Ц имате во шипката, па чајот од плодовите на шипката е задолжителен.

Подготви: 
Жаклина Марковска Христовска
Лекар по природна медицина

No comments:

Post a Comment