Monday, March 10, 2014

Надразнување на хранопроводот со желудочна киселина - Ждригавица

СИМПТОМИ И ЛЕКУВАЊЕ

Ждригавица е надразнување на хранопроводот со желудочна киселина.

Основната причина за ждригавица е неправилната работа на долниот стегач на хранопроводот. Отежнувачка околност може да биде прејадувањето, кое создава притисок врз желудникот, потоа, дебелината и бременоста.

Некои прехрамбени продукти имаат смирувачко дејство врз долниот сфинктер и предизвикуваат ждригавица: доматите, агрумите, кромидот, лукот, чоколадото, кафето, алкохолот, пеперминтот, јадењата богати со масти од животинско и растително потекло.

Во оваа група спаѓаат и некои лекови, особено антибиотиците и ацетилсалицилната киселина. Стресот ги оптоварува нервите кои управуваат со долниот сфинктер па може да предизвика ждригавица. Пушењето, исто така, придонесува до негово олабавување, го поттикнува лачењето на желудочната киселина со што се зголемува ждригавицата.

СИМПТОМИ
-печење во градите, зад задната коска (стернум) кое се јавува по оброкот и трае неколку минути или неколку часа.
-болки во градите, особено при наведнување или кога ќе легнете.
-печење во грлото, надоаѓање на врела, горчлива или солена течност во грлото
-подждригнување

ВНИМАНИЕ!
-ако чувствувате ждригавица придружена со: отежнато голтање, задишаност, потење, вртоглавица, повраќање, пролив, силна болка во стомакот, температура, црн или крвав измет- можно е да се работи за приклештување на хијатусната кила, тегоби со панкреасот, гастритис, чир на желудникот или рак, а не е исклучен ни срцев удар.

-ако пиете антацид за намалување на ждригавицата и не почувствувате никакво олеснување во рок од 15 минути, може да биде знак за срцев удар и треба да се бара итна лекарска помош.
-ако ждригавицата се влошува при телесни вежби, а се ублажува при мирување, можеби станува за срцева болест.

-ако имате хронична ждригавица, желудочната киселина непрекинато го нагризува хранопроводот, што може да доведе до егзофагис, оштетување на ткивото на хранопроводот, чир на желудникот или рак.

ЛЕКУВАЊЕ
Еднаш или два пати се пие чај од следните билки:
10 г кора од портокал
4 парчиња свеж ѓумбир
10 г фулинг (Poria cocos)
10 г агастахе (agastache rugosa) и
3 газиски сладок корен (Glycyrrhiza uralensis).
Овој чај не смее да се пие често, а може да ја ублажи ждригавицата, а ако не помогне, јавете се на лекар.

-Чајот од ѓумбир брзо ја ублажува ждригавицата, а смирува и камилицата при ждригавица предизвикана од стрес.

ЗАБЛУДИТЕ ЗА МЛЕКОТО
Млекото не е лек за ждригавица. Олеснувањето што го чувствувате додека го пиете не е вистинско затоа што млечните масти, калциумот и белковините кога ќе стигнат до желудникот предизвикуваат засилено лачење на желудочната киселина и со тоа ја зголемуваат ждригавицата. Многу луѓе веруваат дека ментол-бонбоните ги намалуваат киселините, но нането има дејство да го олабави сфинктерот на желудникот и така само ја влошува состојбата и ја зголемува опасноста од ждригавица.

ПРЕВЕНЦИЈА
Ждригавицата по правило, може да се спречи. Основно е одржувањето на разумна телесна тежина, да се избегнуваат материи кои го зголемуваат доаѓањето на желудочната киселина во хранопроводот, редовен одмор, вежбање и намалување на стресот.

Ако морате да легнете по оброкот (не се препорачува), легнете на левата страна. Во оваа положба желудникот ќе ви биде подолу од хранопроводот



No comments:

Post a Comment