Tuesday, March 4, 2014

ПОЗНАВАЊЕ НА ИСХРАНАТА

ВОВЕД
Современиот начин со кој денес живееме, темпото на животот, постепено, но сигурно ќе не натера да ја превземеме одговорноста за нашето здравје.

Акцентот во уживањето во храната ќе биде ставен на оние продукти кои го поттикнуваат здравјето и кои играат важна улога во максималната функционалност на вашето тело и ум.

Денес постигнувањето на идеална телесна тежина, физичка подготвеност и витална старост, не е само среќа, туку многу повеќе, пристап до организираната и квалитетна исхрана.

Секогаш кога јадеме, можеме да го оптимизираме сопствениот генетски потенцијал.

Знаеме кои продукти праќаат одредена порака, така можеме веднаш да почнеме со ослободување на сопствениот генетски потенцијал.

Научните докази денес се повеќе ја поддржуваат тезата дека продуктите богати со потребните хранливи материи можат да ве снабдат со сите хранливи материи потребни за здрав живот.

Уште повеќе што макро и мокронутриентите во организмот  делуваат синергетски овозможувајќи потполна функционалност.


ПОИМ ЗА ЗДРАВИ ПРОДУКТИ
  

Прехрамбениот продукт за да го добие терминот за, најздрав или најкорисен продукт, покрај прехрамбената вредност, треба да е, лесно достапен и вкусен.

Затоа најздравите продукти мора да ги исполнат следните критериуми.

Да бидат богати со најбогат извор на хранливи материи во својата група и да имаат, научно потврдено позитивно влијание на здравјето, како што се хроничните болести.

Мора да бидат интегрални, со сочувано природно богатство на своите хранливи материи, особено ако се добиени во еколошки здрава средина или имаат органско потекло.

Мора да бидат познати, секојдневни, зеленчук, овошје, риба, морски плодови, јатксто овошје, семки, посно месо, мешунки, интегрални житарки, лековити билки.

Да имаат прифатлива цена, лесно достапни, иако повеќето имаат сезонски карактер.

Да се вкусни, токму тој фактор некои карактеристични и корисни плодови ги прави корисни или популарни.


КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД НАЈЗДРАВИТЕ ПРОДУКТИ

Придобивката е во тоа што се интегрални, богати со нутритиенти и непреработани, а тоа ни овозможува да го одржиме контактот со природата.

На овој начин продуктот ги задржува природните својства, не е отстранета ниту менувана или додадена синтетичка компонента, хемикалии, конзерванси, адитиви и т.н.

ШТО Е ПРЕХРАМБЕНО БОГАТСТВО

Прехрамбеното богатство, претставува однос помеѓу, богатството на корисни хранливи материи и нивната калорична вредност.

Значи, потреба е да внесуваме она што е корисно и потребно, а при тоа да не влијаеме на нашата телесна тежина.

Овој поим најчесто се стретнува како, нутритивна густина.

На пр, мала чинија варена  брокула има 123 мг витамин Ц и 44 калории. Ако ги поделиме, 123/44=2,8.

Преведено на прехрамбен јазик, на секоја калорија, ќе добиете 2,8мг Ц витамин

За да внесеме 60мг витамин Ц, колку се дневните потреби, мора да се изеди мала порција со само 18 калории, значи евтино ќе не чини.



Ако се позанимаваме со витаминот Ц, имаме, мала чинија пржени кругови од кромид, содржи околу 200кал и помалку од 1мг вит. Ц

Мора да се изеде кромид во вредност од над 17000 кал. за да ја внесеме дневната потреба од витамин Ц.

Значи, ако сакаме преку пржениот кромид да го внесеме вит. Ц, тоа скапо ќе не чини.

Друг пример е разликата помеѓу прехрамбеното богатство на белиот и интегралниот пченичен леб.

Мора да изедете 2,5-5 парчиња бел леб, за да ја добиете количината на витаминот Е, еднакво на едно парче 100% интегрален пченичен леб.

Тие дополнителни парчиња ќе Ве чинат 320 кал.

Значи, ако сакаме да консумираме премногу калории, за да ги добиеме оптималното количество на хранливи материи, сигурно ќе дојде до промена на тежината.



 
СИНЕРГИЈА НА ХРАНЛИВИТЕ МАТЕРИИ

Од големиот број на Студии и истражувања, дојдено е до битен заклучок, дека, хранливите материи кои дејствуваат заедно даваат поголемо хранливо богатство од оние кои делуваат изолирано.

Испитувањата направени на бадем покажале дека.

Фитонутритиентите флавоноиди, присатни во кожурката на бадемот, се здружуваат со витаминот Е присатен во месетиот дел и така се удвојува антиоксидативното дејство.

На пр. самите флавоноиди за 18% ја зголемуваат отпорноста на ЛДЛ (лошиот) холестерол на оксидација, со додавање на витаминот Е, отпорноста на ЛДЛ се зголемила на 52,5%.


No comments:

Post a Comment