Tuesday, March 18, 2014

ЛЕЧЕЊЕ СО ДВИЖЕЊЕ



Погледнете ја природата околу вас. Дали во неа има нешто што е неподвижно? Во неа нема да најдете ништо што би постоело во апсолутно мирување. Планините? Карпите? Дури и тие не мируваат. Тие се создадени од природата од ништо, и постепено се уништуваат, преобразувајќи се во ништо. Овде постојано дејствуваат  создавачките и уништувачките енергии, но процесот е мошне растеглив во времето, и во текот на еден човечки живот ретко успеваме да ги видиме промените на планините и на карпите, движењето што ним им е својствено. Освен тоа, по планините и по карпите течат реки и потоци, таму живеат животни, растат дрвја, цвеќиња. Сето тоа опстојува во мирување. Во природата се случува постојано движење на енергиите, движење на животните сили.

Животот и е движење, а движењето е живот. Често, болниот човек ги потврдува зборовите: онаму каде што нема движење, таму нема ни живот. Скаменет, неподвижен рбет. Напнати и вкочанети мускули на вратот. Ладни, безживотни раце и нозе во кои речиси и нециркулира крвта. Таквиот човек мисли дека болеста му дошла од некаде и дека го исфрлила од нормалниот животен тек. Всушност се е обратно. Човекот нарушил еден од најважните закони на природата – законот на движењето. Самиот себе си се откинал од вечно подвижната и вечно променливата природа. Се осудил себе си на неподвижност – што значи – на болест.

Специјалните вежби насочени кон тоа да ги натераат капиларите да се собираат, што значи да ја тераат  крвта нормално да функционира – е првиот чекор со кој организмот ќе може да се ослободи од пропаста на неподвижноста, од бездната на болест. Да почнете да се движите значи да почнете да оздравувате!

СИЛАТА НА ВИБРАЦИИТЕ

Во човечкиот организам ништо не е во мирување – постојано се грчат мускулите, цревата се движат брановидно, пулсираат и се собираат ѕидовите на крвните садови, срцето чука , вибрираат гласните жици ... Секој што ќе ги подаде рацете нанапред може да се увери дека е невозможно тие да бидат целосно неподвижни, без оглед на тоа колку се труди. Рацете почнуваат одвај забележливо да потреперуваат. Во животот и здрав организам постојано пулсира и вибрира секоја клетка. Кога тие вибрации ќе престанат – тогаш настанува смрт.

Природните методи за оздравување подразбираат исцелување со помош на оние особини на организмот што му ги подарила природата. Лековите не се живи. Доколку внимателно ја погледнете таблетата во неа нема да видите никаков живот. Во неа нема животни вибрации, нема зрачни бранови на Енергијата на Животот, ја нема таа посебна внатрешна светлина што сјае од се што е живо. Таблетите се мртви. Зарем може живото да се лекува со нешто што е мртво? Не може, и уште еднаш, не може, нема друг одговор.

Кога ќе се појави болеста како реакција на престанувањето на движењето, поради умртвување на ткивото во некоја област од телото, во некој орган – болеста не повикува да го обновиме движењето и повторно да ја внесеме силата на животот во умртвените делови на организмот. Болеста е манифестација на Централната Сила на природата која на тој начин се обидува да го неутрализира нарушувањето на сите природни закони во организмот. Затоа болеста нема да ја задушуваме со лекови – најдобро е да го наслушнеме нејзиниот глас, да го наслушнеме тој вознемирувачки сигнал што ни го испраќаат  Исцелувачките Сили на нашиот организам. Зашто, Исцелувачките Сили зборуваат: вдахни му живот на она што е умртвено! Врати му ја силата и енергијата на она што станало неподвижно! Ете што ни зборува болеста. Така им помагаме  на Исцелувачките Сили во оздравувањето на организмот со методите на самата природа, наместо безуспешно да се бориме со болестите отстранувајќи ги само симптомите за општата загрозеност на организмот, но не отстранувајќи ги само симптомите за општата загрозеност на организмот, но не отстранувајќи ги причините.

Токму таа способност на човечкото тело секоја негова клетка да се собира, да вибрира, да се ниша, постојано да се наоѓа во движење – го прави организмот жив и здрав. Токму таа способност на капиларите да се собираат, да се движат, а вибрираат, им овозможува нда ги снабдуваат со крв сите органи и ткива. Токму таа способност на капиларите ја тера крвта да тече нормално, нормално да ги храни органите и ткивото и нормално да ги чисти. Токму таа способност на капиларите и е здравје.

Само застоена вода се загадува, додека онаа што тече секогаш е чиста. Кога нашиот организам ќе стане сличен на протечна вода, со крвта која тече, која нормално циркулира и не се запира, тогаш ќе се отстрани застојот, а со тоа и болестите. Флуидноста на крвта зависи од состојбата на капиларите.

Кога ќе научиме да правиме едноставни вежби, поттикнувајќи ги капиларите да вибрираат, да се собираат, да оживуваат, да работат нормално, секој ќе може себе си да си го врати здравјето без помош на лекарите, без масажа, без таблети и без медицински процедури.

Нашиот организам е изграден така што сите негови мускули постојано вибрираат незабележливо – тоа се мошне силни вибрации слични на звуците од виолината... се додека постои вибрирачкиот бран  - постои сил, постои здравје, постои живот. Доколку вибрацијата стивне можене и мораме да ја засилиме со тренинг, за да не се преобрази во болест нејзиното отсуство. При тоа,  засилувањето на вибрациите на едно место веднаш го поттикнува целиот организам да се вклучи во работата – на тој начин целото тело почнува да вибрира, да се засилува, и се прочистуваат капиларите во целиот организам. Засилувајќи ја природната особина на организмот – вибрирањето, ние му помагаме на организмот да се обнови, да се прочисти и да оздрави.

Трчање во место

На многумина им се познати исцелувачките особини на трчањето. Но за да станеме здрав, не е потребно да трчаме онака како што го прават тоа спортистите. Оздравувачкото трчање е сосема поинакво. За здравјето не е потребно претерано оптоварување на мускулите и на срцето, состојба на поспаност и замор, што на крајот од натпреварувањето ја доживува секој спортист. Трчањето не ни е потребно како спорт или како натпреварување. Тоа ни е потребно као начин со чија помош ќе му ја вратиме животната вибрација на телото и да ги принудиме капиларите да се собираат, а за тоа не се потребни никакви исцрпувачки напори. Таквите напори не само што не се полезни, туку се и штетни.

Лесното и неизасилено трчање во место е одлично средствоза да научиме својот организам да вибрира, што значи да ја стимулира циркулацијата и да ги натерат капиларите да работат. Трчањето е сосема природна појава и состојба на секое живо битие на земјата, па така и на човекот. Трчањето во место нема за цел да се совладаат  некакви растојанија, туку има лековита функција. Тешко е да се замисли пополезен метод за оздравување. Таквото трчање не доведува до непотребно исцрпување, идеално ја загрева секоја клетка во организмот со што отпадните  материи интензивно  се раствораат и се исфрлаат преку порите. Значи, тоа не само што ја стимулира циркулацијата туку ја прочистува крвта.

Трчањето во место одлично го вежба дишењето, но во исто време не бара тоа да биде интензивно и длабоко затоа што при трчањето со каскање, крвта одлично се збогатува со кислород. За да има полза од тоа, потребно е да знаеме неколку правила.

-          Телото мора да биде сосема опуштено, така што рацете да се клатат како бичеви, а нозете да се слободно свиткани во колената и да не се напрегаат,
-          Стапалата треба само малку да се подигнат од земјата, да се прават лесни скокови – не треба да се потскокнува,
-          Треба да се трудите целиот организам само лесно и пријатно да вибрира и во никој случај да нема груби потреси,
-          Чувството при трчањетомора да биде пријатно, да не се напрегаме, да не се истоштуваме.

При таквото трчање, најважен е ефектот на лесниот скок кој овозможува протресување на сите мускули. Секое напрегање на мускулите треба да се избегнува. За почеток, тој скок нека биде одвај забележлив. Најважно е – да се натераме себеси да направиме барем да направиме барем неколку такви опуштени скокови. Со текот на времето, трчањето во место ќе биде се полесно и полесно, но контролирајте се себе си не дозволувајте си да правите остри и нагли движења. Треба да се биде опуштен и мирен, само лесно и меко да се потскокнува, лесно да се подигаат стапалата од земјата.

Медитативно трчање

На Исток, медитацијата ја нарекуваат целосна сосредоточеност на нешто. Нас пример, на сопственото тело и на процесите кои што се случуваат во него. Кога сме сосредоточени на своето тело, нашите мисли се бистри, а потоа целосно не напуштаат, отстапувајќи и место на еднообразната и спокојна сосредоточена состојба, кога мирот и јаснотијата го опфаќаат сиот наш ум, а вознемирувачките, застрашувачките, непријатните мисли и чувства едноставно исчезнуваат. Трчањето, проследено со таквата сосредоточеност е од двојна полза, зашто кон состојбата на здравјето не го приближува само телото, туку и душата и умот.

Медитативното трчање во голема мера прилега на трчањето во место – иста е опуштената состојба кога малку ќе ги подигнете стапалата од телото, правете исти такви лесни и меки скокови со таа разлика што сега не останувате на место. Таквото трчање бара поголем физички напо, но во тоа ќе ви помогне сосредоточната медитативна состојба. Прво можете да се концентрирате  на своето дишење, потоа мисловно да се задлабочите во нозете, во мускулите коишто лесно вибрираат и црпат задоволство од тие вибрации. Кога мисловно ќе се задлабочите во ножните мускули, сигурно ќе го почувствувате задоволството што го опфатило целото ваше тело.

Не обидувајте се да поминете големи растојанија – за првиот пат доволно е да се истрчаат  неколку метри. Со текот на времето трчањето ќе биде се полесно и полесно, но  и тогаш кога нозете сами ќе ве понесат, треба да го задржите своето темпо. Потрудете се секојпат да трчате малку подолго. Подолго- но, на далеку, не брзо.

Треба да се трча во топла облека. Колку што ќе бидете потопло облечени побрзо и пообилно ќе се потите. На тој начин, на вашиот организам ќе му биде полесно да се ослободува од отпадните материи. Со тоа ќе биде поинтензивна циркулацијата и поуспешно ќе стратуваат процесите на прочистување на крвта.

По трчањето треба да се легне на тврда рамна подлога така што нозете да бидат повисоко од нивото на срцето, па во таа положба останете за половина помалку време од она што сте го посветиле на трчањето. Тоа ќе помогне да се растовари срцето и да се избегнат разните непријатни чувства во телото, во областа на срцето и во крвните садови.

Зошто е толку важно да се легне по трчањето? Затоа што во хоризонтална положба на телото, на срцето му е многу полесно да се избори со пренесувањето на крвта низ телото. Така, тоа троши многу помалку сила отколку кога телото е во стоечка или во седечка положба: Зашто на срцето му е многу потешко да ја пумпа крвта нагоре кога сте во вертикална положба, отколку да ја пумпа кога лежите.

При трчањето, па дури и при она трчање кое што е најблаго, најлесно и опуштено, се појавуваат некои преоптоварувања на кардиоваскуларниот систем. Срцето пумпа крв додека телото е во вертикална положба, а за време на трчањето крвните садови на нозете се проширени, зголемени, што бара поинтензивна работа на срцето. Затоа по трчањето, на срцето задолжително треба да му се овозможи да се одмори, а тоа најдобро се постигнува така што петите се подигнуваатна на малку повисоко ниво од срцето, по што крвта сама спонтано тече кон срцето и нему не му е неопходно да вложува дополнителни напори за да ја обезбеди циркулацијата.

Доколку во текот на трчањето почувствувате замор во нозете и дека срцето работи со напор – немојте да си го скратувате задоволството да застанете и да легнете малку на тревата или на песок. Најважно е – запомнете – да трчате заради оздравување, а не оптоварување или освојување на рекорди. Вие не сте обврзани да докажувате пред некого, па ни пред самите себе си. Затоа во секој момент можете да застанете, да пешачите, да легнете, или целосно да го прекинете трчањето доколку почувствувате дека така ќе биде подобро.

Доколку продолжите со трчањето, потрудете се за тоа време во својата исхрана да ги ограничите овошјето, соковите и зеленчукот.

Вежба Оживување на капиларите

Вежбата за капиларите има ист ефект како и лесното и опуштено трчање, со таа разлика што оваа вежба може да ја изведуваат сите: болните, слабите, заболените од срце, па дури и оние што се врзани за постелата.

Горните и долните екстремитети поседуваат огромен број капилари. Многу често, губејќи ја својата еластичност и поради затнувањето со разни отпадни материи, капиларите ја губат својата способност да се собираат. Доаѓа до застој на крвта. Значи, неопходно е свесно да се натераат капиларите да вибрираат. Кога ги тресете рацете и нозете, во капиларите настанува дополнителна вибрација која ги тера  да оживеат, почесто да се собираат и поактивно да ја потиснуваат крвта. Локалното подобрување на циркулацијата во капиларите води до подобрување на циркулација на крвта, кое придвижува, прочистува и исцелува, е еден од најважните принципи на здравјето и еден од главните патишта до него.

Најмногу капилари има во екстремитетите. Доколку тие се ладни, тоа значи дека капиларите лошо работат. Тоа значи дека лошо работи сиот крвоток. Поради тоа се појавуваат болки во срцето. Поради тоа органите и ткивата не ја добиваат неопходната храна. Освен вибрирачките вежби, во овој случај помагаат и специјалните вежби за нозете.

Вежба Трска на ветрот ( слика 2)

Почетната положба: да се легне на стомак на тврда површине, да се свиткаат нозете во колената и да се отстрани целосно напнатоста во нозете, замислете си дека напнатоста во нозете, замислете си дека нозете, од колената до стапалата, се преобразиле во трска, препуштајќи му се слободно на ветрот.

Овозможете им на нозете да се движат сосема слободно, треба да им овозможите да се нишаат и да се раздвижат, настојувајте да се удирате со петите по задникот. Тоа нема да им успее на сите, барем не веднаш. Но, замислете си дека ветрот удира во вашите нозе-трски се со поинтензивна и поинтензивна сила, и нозете заедно, или секоја посебно, се виткаат се пониско и пониско и се приближуваат кон задникот. Во секој случај, потребно е да се трудите и да ги правите ваквите движења, дури и ако не успеете да ги направите до крај.

Вежбата треба секојдневно да се прави, за сето време трудејќи се со петите да го допрете задникот. Во секој случај, потребно е да се трудите и да ги правите ваквите движења, дури и ако не успеете да ги направите докрај.

Вежбата треба секојдневно да се прави, за сето време трудејќи се со петите да го допрете задникот. Оваа вежба одлично го подобрува крвотокот по целата должина на нозете, ја подобрува исхраната на мускулите и ткивата, го отстранува заморот на нозете, почнувајќи од бедрата па се до стапалата.



 Слика 2


Масажа со помош на ореви

На многумина им е позната масажата на екстремитетите со помош на ореви. Таквата масажа ја подобрува циркулацијата во екстремитетите, ја отстранува нервната напнатост и ја подобрува опшатата состојба на организмот.

Земете два ореви, стегнете ги со дланките така што тие да бидат паралелно поставени еден спроти друг, и почнете да ги тркалате оревите на еднат, а потоа на другата страна. Правете го тоа силно, оревите цврсто да се врежат во дланките.

Потоа ставете по еден орев под секое стапало и почнете да ги тркалате по тврда површина, тртудејќи се оревите убаво убаво да се врежат во стапалата.

ЗДРАВ `РБЕТ – ЗДРАВИ КРВНИ САДОВИ

Човекот, пред да стане човек, се движел во хоризонтална положба. Токму за таа хоризонтална положба бил создаден неговиот `рбет. Кога се подигнал од вертикална положба, `рбетот не успеал да се прилагоди и да се навикне на таквиот вид движење. Поради вертикалната положба, некои пршлени може се искривуваат, малку да се поместуваат, да одат настрана. Такбите мали поместувања се нарекуваат ишчашувања, Со исчашувањето на пршлените се поврзани многу болести. Тие пречки ја нарушуваат циркулацијата на крвта, а тоа значи дека ја нарушуваат и исхраната, обновувањето и прочистувањето на клетките и крвта.

Обновувањето на нормалната циркулација на крвта и избавувањето од многу болести, е овозможено од правилната хоризонтална положба. Правилна хоризонтална положба обезбедува, пред се, лежењето на рамна и тврада постела. На многумин, тврдата постела ќе им се причини непријатна – постојат луѓе кои што и даваат првенство на постелата која наликува на нишалка. Со самото тоа, тие му наштетуваат на сопственото здравје. Меката постела, особено нишалката, само ќе го влоши исчашувањето на пршлените.

Поради тоа, рамната, тврдата постела ја сметам за важно Правило на здравјето. Кога човечкото тело лежи на таква постела, тежината на неговото тело рамномерно се распоредува, мускулите целосно се опуштаат. `Рбетот се исправува, се зголемуваат меѓу-рбетните растојанија, и со самото тоа крвните садови се ослободуваат од притисокот.  Тоа значи дека органите и ткивата кои што не добиле храна во текот на денот, почнуваат слободно и обемно да се напојуваат со крв и со неа да добиваат се што им е неопходно. Како резултат на тоа, во текот на ноќта од организмот ќе се исфрлат сите отпадни материи кои што се насобрале во текот на денот и ќе дојде до природно оздравување.

Вежба Ливче (слика 3)

Оваа специјална вежба за `рбетот овозможува тој да се исправи, да се постави во исправена положба, и да се ослободат стегнатите крвни садови, засилувајќи ја и регулирајќи ја на тој начин циркулацијата на крвта. Вежбата ја стимулира циркулацијата во мозокот. Почетна положба: легнете на грб на тврда и рамна постела или на под. Опуштете го телото и замислете дека одвнатретоа е сосема празно и затоа лесно и бестежинско. Потоа свиткајте ги нозете во колената, не одделувајќи ги петите од површината на која лежите. Бавно и лесно придвижете ги петите кон задникот колку што можете повеќе.

Потоа, не поместувајќи го `рбетот од површината на која лежите, бавно подигнете ја главата напред и истовремено придвижувајте ги дланките кон колената.

Допирајќи ги со длнките свитканите колена и подигајќи ја главата додека `рбететот е во хоризонтална положба, издржете така колку што мошете подолго време. Замисете дека преку темето, во вашето тело се влева поток од енергија – од Исцелувачка Енергија на Животот. Потоа бавно вратете се во почетната положба и опуштете се.

Оваа вежба правете ја секое утро и секоја вечер по 1-2 минути.

Слика 3

Вежба Врбово гранче (слика 4)

Вежбата дава моќен оздравувачки ефект при болки во грбот, како и при изнемоштеност на работата на срцето.

Почетна положба: застанете исправени, раширете ги нозете колку што можете повеќе, стапалата да стојат паралелно, сосредоточете се на своето тело, замислете дека телото во станало лесно, бестежинско, буквално празно.

Со дланките опфатете ја областа на бубрезите, си испреплетени прсти на половината.

Почнете лесно да се свивате наназад. Свивајте го грбот без брзање. Бавно и внимателно свиткајте ја главата наназад.

Кога грбот ќе се свитка до крај, слободно зафрлете ги рацете наназад. Сега телото почнува бавно да се ниша, слично како зелено гранче од врба која се витка над реката.

Кога ќе се појави благ замор, со рацете повторно опфатете ја областа на бубрезите и справете го грбот во вертикална положба.

Вежбата треба да се изведува секој ден.

Слика 4

Вежба Тетивата на лакот (слика5)

Оваа вежба помага да се засили и да се нормализира циркулацијата во областа на грбот.

Почетна положба: клекнете, рацете се покрај телото. Свиткајте го грбот наназад, а со рацете опфатете ги стапалата од нозете. Останете во таква положба најмалку 5 секунди, а потоа испрвете се. Повторете ја вежбата 3-10 пати, во зависност од возраста и од потребата. Циркулацијата ќе се засили и со тоа нема да се дозволи да се натрупуваат штетните материи во областа на половината и `рбетот ниту, пак, таму да се наталожат соли.

Вежбата да се изведува секој ден.

Слика 5

Вежба: “Еластична лоза(слика 6)

Ова е вежба за еластичност и за нормално снабдување на `рбетот со крв.

Почетна положба: Застанете исправени, нозете се благо опуштени. Со палците бавно и нежно масирајте ги двете страни од рбетот во областа на половината, замислувајќи си како телото опуштајќи се, станува се поеластично.  Потоа енергично но не и остро, полека наведнете се, трудејќи се со рацете да го допрете подот.

Исправете се и наведнете се наназад колку што можете повеќе – сто така, со рамномерни, бавни движења, без нагли потези.

Повторно исравете се и направете неколку енергични но бавни наведнувања десно и лево. Вежбата ја подобрува циркулацијата во рбетот и нозете, што доведува до нивно оздравување. Оваа вежба изведувајте ја секој ден.


Слика 6

No comments:

Post a Comment