Friday, March 29, 2013

СЛОБОДНИ РАДИКАЛИ




СЛОБОДНИ РАДИКАЛИ 



 Секој молекул има електрони кои кружат околу неговата обвивка. Тие електрони обично одат во парови, и го прават молекулот хемиски стабилен.
Меѓутоа, слободниот радикал е молекул кој има неспарен електрон. Тоа го прави многу нестабилен.  Има силна тенденција да стекне уште еден електрон за да го спари со оној на кој му недостасува партнер.  Често се случува во текот на дел од секунда, слободниот радикал да земе електрон од соседното соединение.
 Тој сосед кој го изгубил електронот сега се вика “оксидиран“. Згора на тоа, самото оксидирано соединение станува слободен радикал. Поради тоа што сега му недостасува електрон, има силна желба да зграби еден од своите соседи и обично тоа го прави многу бргу.
Резултатот е ланчана реакција, во која оксиацијата и оштетувањето може да се рашири од еден молекул на следен, додека нешто не го сопре процесот. Молекулите кои можат да ја сопрат ланчаната рекција се нарекуваат антиоксиданси, кои ги преобразуваат нестабилните молекули во хемиски стабилна состојба.

Слободните радикали, исто така, можат да настанат како резултат на некои надворешни влијанија, како од загаден воздухот од автомобилските и индустриските издувни гасови, од претерано изложување на сонце, од јонизирачко зрачење, од присуство на различни отрови во околината или како резултат на човековиот лош однос према организмот, односно од лошите животни навики како што се: пушењето, конзумирањето на големи количини на алкохол, консумирање на процесирана храна и храна богата со заситени масти и од стрес.
Современите научни истражувања покажуваат дека оксидативниот стрес е еден од главните причини за развој на бројни тешки заболувања како што се атеросклерозата, шеќерната болест, малигните заболувања, срцевиот инфаркт, мозочниот инфркт и други тешки и хронични болести. Во спречувањето и лекувањето на сите овие заболувања можат да помогнат антиоксидансите.
 Ризикот за појавата на болестите поврзани од слободните радикали може да се намали со адекватен внес на антиоксиданси.

Покрај ензимите, и многу витамини, минерали и коензими имаат антиоксидативно дејство. Тоа се витамините Ц и Е, бета каротинот, лутеинот, ликоптенот, витаминот Б3 во форма на ниацин, витамините Б2 и Б6, коензимот Q10, аминокиселината цистеин и биофлавоноидите.
Се смета дека многу болести се резултат на неадекватен внес на антиоксиданси со храната. Затоа, денес е зголемен интересот за антиоксидансите, посебно оние од природните извори (овошјето и зеленчукот). Овошјето и зеленчукот се нивен примарен извор.


No comments:

Post a Comment