Friday, March 14, 2014

Програмата за исхрана

Програмата за исхрана за која тука ќе стане збор е комбинација на најсовремени сознанија од областа на физиологијата на исхраната, ендокринологијата, биохемијата и биофизиката.

Наша цел е секој човек да добие основно знаење во однос на функцијата на неговиот организам, затоа што тоа знаење е основа за зачувувањето на здравјето и виталноста.

Прогармата за исхрана овозможува без голема мака, за кусо време да се научат принципите на здравата исхрана, правилниот избор на намирници и добрата комбинација на различни намирници, кои можат да се применат во сите географски области, во секоја прилика, во училиштето, на работното место, дома, на одмор или на службено патување.

Особено е значајно тоа што сите правила можат да се применат во семејството со што децата можат многу рано правилно да се насочат кон целта да имаат долг и здрав живот.

Кај оние кои се заболени од најчестите современи болести на метаболизмот за 10 до 30 дена се намалува вредноста на холестеролот, триглицеридите и шеќерот.

Програмата наметнува некои правила и постојат услови на кои мора да се придржуваме, од друга страна, рестрикциите се минимални и лесно се поднесуваат.

Резултатите покажуваат 100% успех кај сите оние кои се потрудиле ги научат физиолошките процеси.

Програмата не подразбира броење на калориите, мерење на намирниците и одредување на количествота на храната, не постојат менија, ниту зададени рецепти (освен кога решаваме некој веке настанат здравствен проблем). Напротив, филозофијата на програмата е во тоа секој човек да добие знаење кое ќе биде основ за неговата сопствена иницијатива, фантазија, и снаоѓање во секојдневните животни ситуации.

Во рамките на нашиот центар ги следиме сите претходно направени неопходни дијагностички процедури со цел утврдување на постојнота здравствена состојба, а потоа во текот на повеќемесечни консултативни прегледи и контроли ги следиме постигнатите резултати.

Предноста на програмата за правилна исхрана е во тоа што никогаш не се јавува таканаречениот јо-јо ефект (губење-враќање на тежината), а метаболичките пореметувања трајно се решаваат.

Штетата од земањето на грицки

За активирачкиот сигнал за лачење на инсулин воопшто не е потребен комплетен оброк, доволно е да се внесе едно залче од некоја храна, овој процес да започне. Тогаш масните ќелии добиваат налог за складирање. Во тој миг престанува ослободувањето на мастите, се затвораат сите врати на ќелијата и започнува липогенезата, односно, ќелијата почнува да создава масти отпочеток.

Ова е една од причините зошто земањето на грицки помеѓу оброците предизвикува или наталожување на масни ткива или пак не дозволува да ослабиме до некоја сакана тежина.

Ако сакаме да ослабнеме, прво што треба да направиме е да се вратиме на внесување на реугларните оброци, и тоа – три во текот на денот.

Главната вина за наталожувањето на телесната тежина всушност ја носи дезориентацијата во телесниот природен ритам на внесувањето на храна, како и компулсивното “грицкање” помеѓу оброците. За жал, денес ова е еден од најчестите пореметувања во навиките кај современиот човек.

Од најголемо значење е ова сознание да се примени кај децата, да се научат да не јадат слатки, чипс или било кои грицки надвор од регуларниот оброк, но ова се однесува и на бомбоните, овошјето, кифлите, гевреците и друго.

Зошто се напоменува дека ова е од најголемо значење да се спречи баш кај децата?
Зошто денес постојат многу дебели деца?

Ќелиите на масното ткиво кај децата се сеуште неразвиени, се викаат пре-адипоцити. Овие келии имаат огромен потенцијал за умножување.

Еден од причините зошто доаѓа до гојазност кај децата, помеѓу се другото е токму овој механизам на умножување на ќелиите поради зголемување на потребата за складирање на мастите.

Децата кои прерано многу јадат, создаваат огромно количество на масти и потребата за складирање на тие создадени телесни масти е голема.

Детското тело ќе се се погрижи масните ќелии забрзано да се размножат, а кога еднаш ќе се умножат овие келии - адипоцити, нивниот број останува секогаш ист и покасно во животот, па тој голем број на адипоцити складира големо количество на масти.

Децата кои во периодот на развојот биле слаби, без наслаги на маснотии, воглавно кога ќе станат возрасни немаат проблем со вишокот на килограми, а напротив, децата кои биле дебелки во раното детство, скоро во 80% случаи имаат проблем да ја оддржат идеалната тежина кога ќе пораснат.

Масните ќелии се многу активни во смисла на секреција на опдредени хормони и метаболички супстанци, па дебелите деца однапред се осудени покасно во животот да имаат бројни здравствени проблеми, а при тоа и пократок животен век.

Кај луѓето кои се дебели од детстката возраст, потенцијалот за складирање на мастите е далеку поголем отколку кај луѓето кои во детството не биле дебели, па и поради тоа хормонската активност е зголемана.  Овие луѓе се соочуваат со многу болести во животот, многу повеќе отколку врсниците кои имаат нормална телесна тежина во детинството ( висок крвен притисок, шекерна болест, болест на срцето, крвните садови и друго).

Пијалоците како што се кафето и чајот со додаток на шеќер (или вештачки засладувачи) го менуваат нашиот циклус на складирање и  разложување на масти, индустриските овошни сокови исто така спаѓаат во категорија на намирници кои треба да се исфрлат, газираните пијалоци исто така, верувале или не дури и диеталните газирани пијалоци како диеталната Кола се предизвикувачи  на шеќерната болест.

Прескокнување на оброците - често се случува кога помеѓу оброците грицкаме разни грицки, соленки, чипс и сл. А тоа е многу лоша навика. Во нашата пракса, многу клиенти говорат дека не појадуваат, но има и изјави од типот: не вечерам воопшто, наутро јадам само овошје, воопшто не јадам месо,  или некогаш не стигнувам да ручам, или , најслатко ми е да вечерам околу 11.00 часот. И знаете што, сето ова не е воопшто добро, верувајте ова е крајно лошо, воопшто не е добро!

Во организмот на човекот скоро ништо не се изменило од времето кога примитивниот човек бил ловец и кога немал многу различни намирници во секојдневната исхрана. Секако дојдено е до одредени минимални промени во генетскиот код после поминувањето на човекот од номадскиот начин на живот (кога само ловел) во помирен живот со одгледување на земјоделски култури.

Овошјето и бобинките ги јаделе древните ловци кога немале улов, односно, кога не можеле да набават месо. Од друга страбна, луѓето кои се бавеле со земјуоделие, освен месото јаделе и различен зеленчук, житартки, и овошје, па нивниот организам помалку и полека се прилагодил на таквиот вид на храна.

На ова сознание од историјата се базира теоријата на исхраната по крвни групи. Првите ловци имале О крвна група, а подоцна дошло до промени, затоа што се сменил начинот на живот и исхраната. По таа теорија, О крвната група создава одлична енергија од внесеното месо, додека А крвната група има големо оптеретување на организмот од месото.

Сепак, овошјето само по себе, никако не дава потребни хранливи елементи на организмот. За функционирање на срцето и внатрешните органи неопходни се протеините и мастите, но во предност се оние од растително потекло. Овошјето е пожелно да се јаде умерено и во одредено време во текот на денот, а тоа е, по законот на филозофијата на човековиот организам околу 17часот, но за тоа ќе стане збор подоцна.

Голем проблем настанува кај луѓето кои го избегнуваат појадокот (најголемиот број), или земаат многу мало количество храна наутро, или само овошје (за кое исто така често слушаме). Задожителни се јагленохидратите.

За ова денес научниците знаат скоро се и не постои повеќе ни најмал сомнеж во оправданоста на внесувањето одредени, многу висококалориски намирници, токму наутро кога нивото на кортизолот, хормонот на будноста, во нашиот крвоток е највисок и кога лачењето на инсулин е најактивно.

Во тој период метаболизмот е најсилен, најбрз и најефикасен. Тогаш најдобро се чувствуваме, организмот подготвува енергија за сите наши дневни активности.

Што всушност се случува кога ќе го прескокнеме внесувањето на храна наутро?

-    Нивото на хормонот кортизол е голем, во крвта има блага хипогликемија, или кај многу луѓе дури и поголем пад на шеќерот.

-    Иако можеби и не чувствуваме никаква глад, нашиот желудник и целиот дигестивен систем се подготвува да прими храна, па почнува со одредено излачување на одредени супстанции кои треба да помогнат во варењето

-    Се активираат бројни хормонско-ензимски механизми кои служат во создавањето на неопходната енергија за работата на срцето, мускулите и мозокот (и сите внатрешни органи)

Што правиме ние?

Тогаш ние го прескокнуваме овој оброк, или уште полошо, пиеме кафе со шеќер (или уште многу полошо од тоа – ќе испиеме кафе со вештачки засладувач) и со тоа буквално ги заклучуваме сите врати на нашите масни ќелии, односно адипоцитите, тие почнуваат интензивен процес на заштита на своите постоечки резерви на неопходна енергија за работа на органите.

Зошто е тоа така? ...

Дебелина

Дебелината негативно влијае на многу, добро познати начини, како што се оптеретувањето на срцето и крвните садови, пораст на крвниот притисок, таложење на опасните материи во цревата, ги отежнува и пореметува функциите на работата на внатрешните органи (црн дроб, панкреас, бубрези), ги угрозува процесите на метаболизмот, доведува до пореметување во функцијата и структурата на зглобовите и коските, итн.

Но, денес опсежните испитувања покажале директна поврзаност помеѓу дебелината на човекот и скратувањето на неговиот животен век по пат на еден до скоро малку познат механизам, со кој нашите сопствени масни ќелии “го јадат” оној генетски материјал кој пресудно ја одредува должината на нашиот животен век.

На основа на трудовите на Др. Тим Спектор, научникот од Болницата Св. Томас во Лондон, кој проучувајќи ја генетската структура и патолошките оптеретувања кај близнаците, дошол до запрепастувачки резултативо однос на генетските записи како кај дебелите деца, така и кај возрасните лица.

Кои се показателите на дебелината?

Поради прецизност во одредувањето на степенот на ухранетост, дизајнирана е табела  на “body mass index” или индекс на телесна маса, по кој можеме многу брзо да се ориентираме какво ни е количеството на масти, доволно е да ја знаеме нашата тежина и височина и лесно ќе одредиме на кој дел на скалата се наоѓаме.

Едноставното одредување на оваа вредност е следното-тежината во килограми ја делиме со висината во метри (на пример лицето има 70кг, а високо е 1.84 см, да го одредиме индексот на телесната тежина ја делиме вредноста 70 со квадрат висина, 1.84x1.84, добиваме вредност 20.67).

Дебела е секоја личност која има BMI 30, а претерано ухранета е секоја личност која има BMI под 24, 9; нормално ухранет е секој кој има BMI помеѓу 18.05 и 24 .9, а вредност BMI под 18, 5 исто така е патолошка и покажува дека е во прашање неихранетост.

Денес BMI сепак е надминат фактор и се покажало дека е потебно да се направат многу попрецизни испитувања на составот на телото за да се одреди факторот на дебелина (пред се тоа може да овозможи InBody анализатор на телото).

Некој кој има добар мускулен состав и нормално количество на вода во ќелиите може да има поголем индекс на телесна тежина од лицето кое има многу повеќе маснотии и помалку мускулна маса, па оваа мерка станала неупотреблива.


No comments:

Post a Comment