Saturday, March 8, 2014

Мешавина од семки и житарки за замастен црн дроб

Подготовка и употреба

Следната мешавина го намалува холестеролот, ја регулира столицата, ги намалува триглицеридите и го чисти замастениот црн дроб.
Во процесор убаво мелете:
500 г овесни снегулки
250 г пченични никулци
250 г овесни трици
200 г интегрален сусам
200 г ленено семе
150 г сончогледови семки
150 г семки од тиква
Хлорела

Мешавината ја складирате во стаклени тегли и ги чувате во фрижидер.

Секое утро наместо појадок, земате околу 8-10 супени лажици од мешавината, 1 лажичка хлорела и потопувате со 200 мл јогурт или топла вода. Доколку го сакате во слатка варијанта, тогаш ставете една лажица гроздов маџун. Овој режим трае неколку месеци.



Покрај овој појадок, се препорачува умерена исхрана, одбегнување на многу мрсна храна, алкохол и цигари, и внесување на повеќе овошје и зеленчук.


No comments:

Post a Comment