Friday, September 19, 2014

Базедова Болест

Базедова Болест

Симптоми
·         Губење на телесната тежина и покрај зголемениот апетит
·         Забрзано чукање на срцето
·         Зголемен крвен притисок и засилена напнатост
·         Претерано потење
·         Засилена чувствителност на топлина
·         Зачестено празнење на цревата понекогас придружувано со пролив
·         Слабост во мускулите
·         Појава на гушавост ( зголемување на штитната жлезда што доведува до создавање на отоци во долниот дел на вратот
·         Испупчени очни јаболка
·         Кај жените, промена во месечниот циклус или целосно изостанување на менструацијата.

Базедобата  или Грејвсовата болест е едно од најчестите нарушувања на тироидната жлезда и најчеста причина  за појава на хипертиреоза  при која штитната жлезда  излачува  преголеми количества на хормонот тироксин.  Кога ќе се констатира и потврди дека навистина станува збор за Базедова болест, лекувањето е доста едноставно. Во некои случаеви Базедовата болест се повлекува или целосно исчезнува по неколку месеци или години.  Меѓутоа ако не се лекува, може да предизвика  и многу сериозни последици, па дури и смрт. Иако симптомите можат да бидат многу непријатни , Базедовата болест, по правило не остава трајни последици врз здрвјето, под услов заболениот да добие навремена и соодветна лекарска помош.
Причинители
Хормоните што ги лачи штитната жлезда управуваат со метаболизмот, односно влијаат врз брзината со која организмот ја претвара храната во енергија. Брзината на метаболизмот дирекно е поврзана со количеството на хормонското „гориво„ кое кружи во крвотокот. Ако поради некоја причина штитната жлезда создава преголемо количество на ова гориво, метаболизмот на организмот почнува да работи со поголема брзина и со тоа предизвикува забрзана работа на срцето, потење, тресење и губење на телесната тежина, типична за луѓето кои боледуваат од хипертиреоза. Во нормални услови засиленото или намаленото лачење тироксин зависи од пораките што штитната жлезда ги добива по пат на една друга хемиска материја – хормонот за потикнување на работата на штитната жлезда што го нарекуваме тиреотропин или ТСХ, а го лачи хипофизата сместена во мозокот. Во случај на Базедова болес, нарушувањата на имунолошкиот систем на организмот доведува до производство на абнормални противтела, одбрамбени белковини кои ги имитираат хемиските пораки на хипофизата.  Поттикнати со овие лажни сигнали, штитната жлезда почнува засилено да го излачува хормонот тироксин. Точната причина зошто имунолошкиот систем почнува да произведува необични противтела не е во целост разјаснето. Наследните и другите фактори сигурно имаат голема улога во евентуалната зголемена склоност кон ова заболување. Истражувањата покажале дека, во случај кога еден близнак боледува од Базедова болест, веројатноста дека и другиот близнак ќе заболи од истата болест изнесува речиси 50%. Исто така, жените почесто заболуваат од оваа болест отколку мажите. Ако, освен тоа заболената личност е и пушач, веројатноста е дека ќе почувствува и нарушување на видот  е поголема отколку кај заболените непушачи. Тегобите во очите – најчесто во облик на воспалени и отечени очни мускули и ткива – кои потоа доведуваат до испупченост на очните јаболка, се едно од највидливите нарушувања поврзани со Базедовата болест. Меѓутоа, само кај мал број заболени од Базедова болест ке се развијат симптимите на ова нарушување, познато под името егзофталмус . Дури и кога ке се појават неговите симптоми, тежината на Базедовата болест не е во директна врска со тежината на егзофталмусот ниту во степенот на испупченост на очните јаболка.  Ако боледувате од егзофталмус, вашите очи се болни, суви и надразнети. Испупчените очни јаболка се подложни на претерано солзење и црвенило, делумно и затоа што капаците веќе неможат да ги штитат од различните штетни влијанија. Очните мускули, ослабени од долготрајно воспаление можат да ја загубат способноста за контрола на движењето на очните јаболка, а крајниот резултат е двоен вид.
Лекување
Ако сте заболени од Базедова болест или само се сомневате во неа, морате да побарате стручна лекарска помош. Иако оваа болест е последица на нарушување на работата на имунолошкиот систем, целта на сите пристапи на лекување и конвенционални и алтернативни е регулирање на висината на хормонот на штитната жлезда и отстрануањето на нарушувањето.
Алтернативни начини на лекување
Алтернативните начини на лекување, по правило, служат како дополнување на конвенционалните начини на лекување, кои настојуваат директно да го ограничат производството на тироксинот. Некои од алтернативните начини на лекување ја олеснуваат тегобата поврзана со симптомите на Базедовата болест а другите се обидуваат главно да ја подобрат правилната работа на штитната жлезда.
Лекување со лековити билки
За намалување на симптомите на Базедовата болест,  обидете се со тинктурата која содржи 4 дела волчји нозе (Lycopus spp. ), 2 дела обичен срченик ( Leonorus cardiac), 2 дела,  Скутеларија (Cutellaria Lateriflora) и еден дел Црвен глог ( Crataegus Laevigata). Земајте ја оваа тинктура три пати на ден.
Начин на живеење
Се препорачува аеробни вежби во траење од 15-20 минути на ден. Често се неопходни за одржување на правилната работа на штитната жлезда.
Исхрана
Ако боледувате од хипертиреоза, употребата на храна која влијае на работата на штитната жлезда може да го намали лачењето на хормонот. Меѓу тие продукти ги вбројуваме зелката, крушата, роквата, кикириките, шветската репка, сојата и спанаќот. Исто така можат да бидат многу полезни и продуктите кои содржат витамини од Б -групата. Се препорачува исто така лечење со лимонов сок наутро така што се зголемува количината се до седмиот ден. Сок од млад јачмен 3 х 50 мл дневно.
Чаеви   
Рецепт1:
Иванско цвеке 40 гр. Невен 20 гр, Жалфија 20 гр., Гавез 30 гр., Коприва 20 гр, Преслица 40 гр, Русомача 20 гр, Јагорчевина 30 гр, Црвена детелина 30 гр.
1 лажичка од мешавината чаеви оставете да отстои 2 минути во 250 мл врела вода. Пијте 3 шољи чај со додаток на шведска тинктура.
Рецепт2:
Анџелика ( корен)  - Една лажица  додадете во 250 мл ладна вода. Оставете да отстои 12 часа. Пијте една шоља дневно, 7 дена па пауза и повторете.
Длабоки испирања наизменично со чај од иванско цвеке  и црн слез.
Препорачливо е престој на чист планински воздух, вежби на длабоки дишења, гимнастика. 
Особи со заболена тироидна жлезда не треба да користат лен.

Жаклина М. Христовска
Лекар по природна медицина




1 comment:

  1. Dali site ovie bilki se naogaat na naseto podnebje i dali treba da se svezi ili vo sushena forma?

    ReplyDelete