Sunday, August 18, 2013

13 ПРАВИЛА








13 ПРАВИЛА



За  да не биде храната отров, туку да му користи на здравјето, потребно е да се исполнат неколку правила во исхраната. Еве ги тие правила:

Прво правило:  Не употребувајте храна која поминала низ индустриска преработка. Подбро е се да се подготви од производи кои што не се преработувани.

Второ правило:  Основно мени ( 5-6  отсто од секојдневниот оброк на исхраната) – мора да се состои од ориз и од житни растенија, и тоа само од цели, неизмелени зрна од кои хранат треба да се подготвува со раце. Таа храна можеме  да ја јадеме во неогрничени количини.

Трето правило:  Зеленчукот и овошјето мора да бидат застапени со 30 – 35 отсто во храната која се консумира во текот на денот. Подобро е да се употребуваат свежи, по можност, со лушпата,  или варени  но не печени.

Четврто правило:  Со 5-10 отсто  во вкупната секојдневна  количина  на храната мора да учествуваат мешункастите растенија ( грашок, леќа, грав), и морските алги.

Петто правило: Со 5-10  отсто  во храната што се консумира во текот на денот мора да учествуваат супите од зеленчук и од житни растенија.

Шесто праволо: 5-10 отсто од секојденвниот обем на храна, според вашата желба, мора да бидат рибите, оревите, семките.

Седмо правило:  Месото од живина, млечните производи, маста и јајцата може да се јадат многу ретко, во посебни случаеви, а најдобро е да не се консумираат.

Осмо правило: Не злоупотребувајте ги напивките, избегнувајте ги лимонадата, кафето, црниот чај – дајте му првенство на зелениот чај, на кафените напивки од житни растенија, на билниот чај, на чајот од жен шен, или корен од лотос.

Деветто правило:  Храната треба да се подготвува само во вода и само да се вари, а не да се пржи, во краен случај – со додавање на мали количини масло.

Десетто правило:  Зеленчукот што е презаситен со јин – на пример, доматите, компирите – треба да се употребуваат колку што може во мали количини.

Единаесетто правило:  Одлично би било ако сами подготвувавате леб. Правете го од грубо измелено брашно, со трици и со цели зрна. Доколку користите веќе подготвен леб од бело брашно, избирајте леб со трици или од цело зрно.

Дванаесетто правило:   Сета храна треба исклучително добро да се џвака – минимално 50 пати, а најдобро е 100 пати. Доколку храната е полезна, со доброто џвакање таа станува уште повкусна. Доколку џвакате долго време едно парче од препржено месо, ке почуствувате дека во него нема никаков вкус. А ако нема вкус- нема ниту енергија. Со другата храна тоа нема да ви се случи. Тоа е закон.  Џвакајте се додека не го почуствувате вкусот на храната.  Додека  го чувствувате вкусот – вие во себе ја впивате енергија на храната.

Тринаесетто правило: Не прејадувајте се, тргнете се од трпезата со чувство на лесна глад – тоа е нормална состојба, зашто чувството на заситеност не доаѓа веднаш, туку половина час по јадењето, кога храната ке почне да се усвојува  од страна на организмот.  Да се поттестиме на старата мудрост: “ Доколку си се тргнал од трпезата со чувство на наситност – тоа значи дека си се прејал;  доколу пак, си се тргнал од трпезата со чувство дека си се прејал – тоа значи дека си се отрул“.

Friday, June 28, 2013

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ХРАНАТА?






ОД ШТО СЕ СОСТОИ ХРАНАТА?

Многу народи во светот се соочуваат со недостаток на храна и гладување, но и цивилизираните напреднни држави се подеднакво погодени со неисхранетоста исто како и најбедните народи кои вегетираат во состојба на гладување. Таа цивилизациска неисхранетост постои и покрај преобилната понуда  на храна.  Каде е проблемот?
Проблемот постои затоа што луѓето и даваат предност на храната која добро изгледа и особено маркетиншки делотворно  се неуди.
            Многу животворни намирници, кои денес се консумираат, содржат многу малку или воопшто не ги содржат најважните и напотребните работи за човековото тело.
            Најважни се ензимите. Ензимите не постојат само во сировите свежи билки, туку ги има и во човечкото тело и учествуваат во сите активности и функции на органите на телото.Ензимите се чувствителни на високи температури. Најделотворни се на температура од 50С целзиусови, но стануваат неактивни на температура од минус 45 до минус 55 степени целзиусови. Додека ако се изложат на температура повисока од 55 степени целзиусови наполно угинуваат.
            Мртвата природа не може да ги исполни потребите на живите организми. Затоа храната подготвена на температура од 55 степени целзиусовии ја губи својата хранлива вредност. Таквата храна може само да го одржува животот во човечкото тело, тоа таа и го прави, но тоа го нарушува здравјето, се губи животната енергија и виталноста.
            Таа состојба станува очигледна каога селанецот го храни своето теле со пастеризирано млеко.  Пастеризираното млеко се загрева на температура од 80 степени целзиусови за да се уништат бактериите. Но со тоа и сите ензими во млекото се уништени. Телињата што се хранат со пастеризирано млеко умираат во период од шест месеци. Секоја билка, секој зеленчук, секое овошје, секое семе се во сирова, природна состојба на атоми и на молекули и сите тие, без исклучок, се заситени со ензими. Атомите и молекулите кои го сочинуваат човековото тело се идентични со атомите и со молекулите во храната која ја јадеме, тие со нив се во синергистичка врска. Задача и цел на исхраната е да ги дополни и ги обнови атомите и молекулите од кои се составени клетките и ткивата во телото и ги одржи совршено здрави.
            При свесните и несвесните активности на нашето тело трошиме многу енергија. Таа енергија ја обезбедуваат ензимите во молекулите на клетките и на ткивата. Кога ензимите во тој процес ке ја исполнат својата задача, изумираат клетките кои во тоа учествувале. Тие изумрени клетки по автоматизам доаѓаат во крвотокот и со помош на лимфата се транспортираат во дебелото црево од каде што се исфрлаат како отпад.
             Тие изумрени клетки се заменуваат со нови клетки кои се изградуваат од консумираната храна, со што се одржува и крвотокот. Во зависност од квалитетот на таа замена, зависи и квалитетот на здравјето, енергијата и виталноста. Како резултат на тој факт, очигледно е дека болестите и предвременото стареење се последица  на нашата негрижа затоа што нашето тело не го снабдуваме со потребната храна од која се обновуваат клетките ,  ткивата и  нашата крв, исто така недоволно за обнова на нашиот нервен и мускулен систем.
            Функционирањето на нашиот дигестивен систем е овозможено благодарение на ензимите кои постојат во секој зив атом и во секоја молекула, од кои се составени клетките и ткивата на нашето тело и кои според тоа, учествуваат во сите активности на нашиот организам. Ензимите се молекули кои, кои покрај другите молекули, ги има во клетките.
            Во човечкото тело има сложени лабаратории во кои се создаваат животно зажни супстанции. Тие лабаратории го сочинуваат системот на ендокриниот жлезди. Тие животно важни супстанци , познати како хормони, преку процесот на осмоза директно навлегува во крвта. Постоењето на ензимите во секоја шлезда го овозможува тој процес.
Важни составни елементи на тие хормони, покрај нивните ензими, се и мноштвото елементи во  траги кои не се забелешуваат, освен со помош на крајно софистицирани микроскопи или со други научни направи.
            Во минатото не се знаело за постоењето на тие елементи во трагови. Денес знаеме дека има барем 43 такви елементи во трагови, дополнително со оние основни 16 елементи од кои е составена материјата. Денес знаеме дека барем 59 елементи го сочинуваат човечкото тело, неговото функционирање и активностите, но исто така знаеме дека секој недостаток на кој било или на повеќе од тие елементи или секоја нивна нерамнотежа непосредно влијае на здравјето на човекот. Затоа потребно е секој ден да јадеме доволно свежи, сирови животворни намирници, богати со тие елементи. Со тоа ќе  си го одржиме телото витално и здраво. Во моето семејство настојуваме секојдневно да консумираме две или три од следните животворни намирници кои практично ги содржат сите  59 работи: цвекло, кељ,пиперка, морков, пченка, краставица, црвена алга, лешник, артичока, алга, манго, маслинка, орев, тиква, папаја и др.
            Морам секако да напоменам дека хибридните билки (вкрстуваните билки) се сиромашни со елементи во траги, но ако консумираме многу свежо сирово овошје и зеленчук, како и свежи сирови салати, можеме да бидеме сигурни дека ја добиваме целата палета на елементи во траги и другите работи кои му се потребни на телото.
             

Friday, March 29, 2013

ЛЕЧЕЊЕ НА ДЕПРЕСИЈАТА СО ИСХРАНА



ЛЕЧЕЊЕ НА ДЕПРЕСИЈАТА СО ИСХРАНА



Мноумина кои патат од депресија, загриженост, стравови и без воља за живот скоро никоггаш не добиваат совети за исхраната. Сметам дека овај голем пропуст во начинот на лечење на менталните болести и тоа како се чувствува.

Значењето на СЕРАТОНИНОТ
Сератонинот претставува значаен неуротрансмитер во мозокот, нарочито во фронталниот предел. Мозокот воопшто не може да создава сератонин ако тука пред се не е присутен триптифанот. Мноумина депресивни луѓе  патат од губиток на апетит, затоа е важно да се има зголемен внес на триптофанот т.е намирници со триптофан.
1.       Содржина на триптофанот во продукти
-          Грав      (мг /100 гр.)    267
-          Ореви                            290
-          Бадеми                         322
-          Сусамово семе             358
-          Семки од тиква            578
-          Глутенско брашно        510
-          Тофу (сир од соја)        747
Месото присутно во исхраната спречува доток на ТРИПТОФАН во мозокот.
Месото точно е дека содржи триптофан но содрзи и други 5 аминокиселини кои некои се такмичат со триптофанот со жела да стигнат до мозокот пред триптофанот.  Храната која содржи  голема количина од овие 5 аминокисели ке го смалат  дотокот на триптофанот во мозокот.
Намирници кои содржат триптофан  во однос со овие пет асминокисели.
-          Необрано млеко       40%  /  60%
-          Лосос                          40%  /  60%
-          Говедски бут              46%  /  54%
-          Пилешко месо           46%  /  54%
-          Интеггрален ориз      46%  /  54%
-          Грав                             48%  /  52%
-          Соја                              53%  /  47%
-          Орев                            55%  /  45%
-          Семки од тиква          56%  /   44%
-          Тофу                             63%  /  37%
-          Бадеми                        68%  /  32%
-          Сусамово семе           81%  /  19%
Можете да видите кои намирници имаат повеке триптофан а помалку аминокиселини .
Кога мозокот ке добие доволна количина на триптофан се зголемува и создавањето на СЕРАТОНИНОТ.
ОМЕГА - 3  насни киселини во борба против депресијата 
Постојат  два типа на масти  кои играат апсолутно најважна улчога во нашата исхрана – омега 6 и омега 3 масти.
Омега -6 има големи количини во  многу намирници, омеа -3 масти нема баш во големи количини, така да често се сретнуваме со штетни последици со исхрана сиромашна со нив.
Дури и исхраната богата со масти  може  да содржи мали количини омега – 3.  Занимливо е тоа што количинскиот однос на овие масни киселини во крвта се во дирктна врска со депресијата. 
Содржина на ОМЕГА – 3 во рибата (мг/100гр.)
-          Туна      930
-          Пастрмка  30 гр.  1180
-          Слатководни лубен  10 р.  1190
-          Лосос  100 гр.    1710
-          Харинга  100 гр.   1710
-          Скуша 100 р.  3930
Запазете како омеа - 3  варира од една до друга врста на риби. Исхраната со омега -3 масни киселини е многу корисна, но негативна страна е што тие масти луѓето ги внесуваат преку рибата.
РИБАТА Е ЗАГАДЕНА!
 Рибата собира мноу отрови во своето масно ткиво: пестициди, хлор, диоксид, жива, олво и.т.н    Живата е најопасна која може да предизвика оштетување на мозокот и нервите. ФДА објави дека производите од риба  содржат мноу поолема концентрација отрови него домашнте житарки,овошето и зеленчукот. Во 1996 во 47 земји  постои документ во кој граѓаните се опоменуваат на не јадат одредена врста на риба.  Загдени се и водите а и рибите! Затоа добро внимавајте од каде набавувате риба и потпрете се и црпете омега 3 и омега 6 од растителниот свет, штетните последици се далку послаби а речиси и да ги нема...

- НЕГУВАЈТЕ ГИ ПОЗИТИВНИТЕ МИСЛИ!
- ПРАВЕТЕ ФИЗИЧКИ ВЕЖБИ!
- ОДВОЈТЕ ВРЕМЕ ЗА МАСАЖА!  ( ја смалува загриженоста, ја зголемува будноста, го снижува кортизолот, помага при лечење на депресијата)
- ИСХРАНАТА БОГАТА СО ШЕЌЕРИ ја оштетува  функцијатс на мозокот.
- БЛАГОТВОРНО ДЕЈСТВО НА ИСХРАНАТА БОГАТА СО ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ А СИРОМАШНИ СО ПРОТЕИНИ! ( ја стимулира менталната ефикасност, ја смалува потребата за прејадување и штити од здебелување, го зголемува нивото на триптофан во мозокот)
- МУЗИКАТА   ( нежната музика, тивка, иструменталната позитивно делува на мозокот и го опушта.) Рок музиката го оштетува мозокот и ја квари младината и ја прави агресивна, ова е докажано ноз многу студии. Музиката може да поправи или да исквари сечиј карактер.
- МОЛИТВА ( Во молитвата најважно е да се има бескрајна верба во Бога, молете се како да медитирате и разговарајте како со својот татко, опуштете се, таквото опуштање допринесува до хармонија и смалување на стресот). Негувајте ги вашите морални вредности...
- ЗАШТИТЕТЕ ЈА ВАШАТА ГЛАВА ОД ФИЗИЧКИ ПОВРЕДИ.
- ИЗБЕГАВАЈТЕ  ГИ ДРОГИТЕ И ОТРОВИТЕ КОИ МОЖАТ ДА ГО НАРУШАТ НОРМАЛНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА МОЗОКОТ.
- ДАЈТЕ МУ ДОВОЛНО КОЛИЧИНА НА КИСЛОРОД  ( бидете дел од природата секогаш )
- ИЗЛОЖУВАЈТЕ СЕ НА СОНЧЕВА СВЕТЛИНА.
- ВНИМАВАЈТЕ ШТО СЛУШАТЕ, ГЛЕДАТЕ И ДОЖИВУВАТЕ.
- ПРИСВОЈТЕ ГИ ЗДРАВИТЕ НАВИКИ ВО ИСХРАНАТА.
- ИЗБЕГАВАЈТЕ ГО КОФЕИНОТ И НИКОТИНОТ  НА СЕКОЈ МОЖЕН НАЧИН.
- ВНЕСУВАЈТЕ НАМИРНИЦИ КОИ СОДРЖАТ КАЛЦИУМ ( СЕМЕ ОД СУСАМ, ГЛУВАРЧЕ, ЛЕЌА,  РЕПКА, ОВЕСНА КАША, ГРАВ, СОЈА, ЛЕШНИК, СМОКВИ, КЕЉ, БРАШНО ОД РОГАЧ, СПАНАЌ...)
- ВНЕСУВАЈТЕ ХРАНА БОГАТА СО ГЛИКОЗА...