Friday, June 28, 2013

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ХРАНАТА?






ОД ШТО СЕ СОСТОИ ХРАНАТА?

Многу народи во светот се соочуваат со недостаток на храна и гладување, но и цивилизираните напреднни држави се подеднакво погодени со неисхранетоста исто како и најбедните народи кои вегетираат во состојба на гладување. Таа цивилизациска неисхранетост постои и покрај преобилната понуда  на храна.  Каде е проблемот?
Проблемот постои затоа што луѓето и даваат предност на храната која добро изгледа и особено маркетиншки делотворно  се неуди.
            Многу животворни намирници, кои денес се консумираат, содржат многу малку или воопшто не ги содржат најважните и напотребните работи за човековото тело.
            Најважни се ензимите. Ензимите не постојат само во сировите свежи билки, туку ги има и во човечкото тело и учествуваат во сите активности и функции на органите на телото.Ензимите се чувствителни на високи температури. Најделотворни се на температура од 50С целзиусови, но стануваат неактивни на температура од минус 45 до минус 55 степени целзиусови. Додека ако се изложат на температура повисока од 55 степени целзиусови наполно угинуваат.
            Мртвата природа не може да ги исполни потребите на живите организми. Затоа храната подготвена на температура од 55 степени целзиусовии ја губи својата хранлива вредност. Таквата храна може само да го одржува животот во човечкото тело, тоа таа и го прави, но тоа го нарушува здравјето, се губи животната енергија и виталноста.
            Таа состојба станува очигледна каога селанецот го храни своето теле со пастеризирано млеко.  Пастеризираното млеко се загрева на температура од 80 степени целзиусови за да се уништат бактериите. Но со тоа и сите ензими во млекото се уништени. Телињата што се хранат со пастеризирано млеко умираат во период од шест месеци. Секоја билка, секој зеленчук, секое овошје, секое семе се во сирова, природна состојба на атоми и на молекули и сите тие, без исклучок, се заситени со ензими. Атомите и молекулите кои го сочинуваат човековото тело се идентични со атомите и со молекулите во храната која ја јадеме, тие со нив се во синергистичка врска. Задача и цел на исхраната е да ги дополни и ги обнови атомите и молекулите од кои се составени клетките и ткивата во телото и ги одржи совршено здрави.
            При свесните и несвесните активности на нашето тело трошиме многу енергија. Таа енергија ја обезбедуваат ензимите во молекулите на клетките и на ткивата. Кога ензимите во тој процес ке ја исполнат својата задача, изумираат клетките кои во тоа учествувале. Тие изумрени клетки по автоматизам доаѓаат во крвотокот и со помош на лимфата се транспортираат во дебелото црево од каде што се исфрлаат како отпад.
             Тие изумрени клетки се заменуваат со нови клетки кои се изградуваат од консумираната храна, со што се одржува и крвотокот. Во зависност од квалитетот на таа замена, зависи и квалитетот на здравјето, енергијата и виталноста. Како резултат на тој факт, очигледно е дека болестите и предвременото стареење се последица  на нашата негрижа затоа што нашето тело не го снабдуваме со потребната храна од која се обновуваат клетките ,  ткивата и  нашата крв, исто така недоволно за обнова на нашиот нервен и мускулен систем.
            Функционирањето на нашиот дигестивен систем е овозможено благодарение на ензимите кои постојат во секој зив атом и во секоја молекула, од кои се составени клетките и ткивата на нашето тело и кои според тоа, учествуваат во сите активности на нашиот организам. Ензимите се молекули кои, кои покрај другите молекули, ги има во клетките.
            Во човечкото тело има сложени лабаратории во кои се создаваат животно зажни супстанции. Тие лабаратории го сочинуваат системот на ендокриниот жлезди. Тие животно важни супстанци , познати како хормони, преку процесот на осмоза директно навлегува во крвта. Постоењето на ензимите во секоја шлезда го овозможува тој процес.
Важни составни елементи на тие хормони, покрај нивните ензими, се и мноштвото елементи во  траги кои не се забелешуваат, освен со помош на крајно софистицирани микроскопи или со други научни направи.
            Во минатото не се знаело за постоењето на тие елементи во трагови. Денес знаеме дека има барем 43 такви елементи во трагови, дополнително со оние основни 16 елементи од кои е составена материјата. Денес знаеме дека барем 59 елементи го сочинуваат човечкото тело, неговото функционирање и активностите, но исто така знаеме дека секој недостаток на кој било или на повеќе од тие елементи или секоја нивна нерамнотежа непосредно влијае на здравјето на човекот. Затоа потребно е секој ден да јадеме доволно свежи, сирови животворни намирници, богати со тие елементи. Со тоа ќе  си го одржиме телото витално и здраво. Во моето семејство настојуваме секојдневно да консумираме две или три од следните животворни намирници кои практично ги содржат сите  59 работи: цвекло, кељ,пиперка, морков, пченка, краставица, црвена алга, лешник, артичока, алга, манго, маслинка, орев, тиква, папаја и др.
            Морам секако да напоменам дека хибридните билки (вкрстуваните билки) се сиромашни со елементи во траги, но ако консумираме многу свежо сирово овошје и зеленчук, како и свежи сирови салати, можеме да бидеме сигурни дека ја добиваме целата палета на елементи во траги и другите работи кои му се потребни на телото.