Wednesday, March 11, 2015

Природни лекови за плодност



Природни лекови за плодност

третман за плодност



Во последните неколку децении проблемот  на брачната неплодност се повеќе се случува и многу парови не успеваат да имаат потомство. Ако во текот на еден период од две  години со редовни сексуални односи бременоста отсуства се смета за брачна неплодност. За третман на неплодност со редовна терапија, се препорачува  нов  начин на живот, промени во исхраната и употребата на природни лекови за плодност.

Покрај примената на медицински методи може да придонесат за зачнување и алтернативните
 терапии. Секако за нив ке морате да се обратите до стручни лица од таа област.

Причината за неплодност кај жените може да се должи на анатомски аномалии, инфективни болести, хормонална нерамнотежа и наследство. Неплодност, исто така, може да се случи ако имате проблеми со грлото на матката, појавата на оваа болест, конгенитални аномалии на репродуктивните органи, како и оштетување на јајцеводите. Големо влијание врз стерилитетот може да има и вишокот  телесна тежина, која, исто така, може да предизвика неплодност.

Во подоцнежните репродуктивни години кај жените се намалува квалитетот на јајните клетки . Неуредниот  начин на живот, стресот,  алкохолот  и  цигарите, исто така, имаат негативно влијание врз плодноста.

Кај мажите, постојат полесни или потешки нарушувања и болести кои  директно или индиректно можат да влијаат на репродуктивната сила. Проширување на крвните садови во тестисите, воспаление на тестисите како резултат на лице кои имало заушки, неспуштени тестиси, воспаление на надворешните  жлезди може да биде причина за неплодност кај мажите. Хронични болести како што се висок крвен притисок, дијабетес, високи масти, дебелина, сексуални инфекции, исто така, можат да влијаат на слабиот квалитет на спермата.


Витамини и минерали потребни за подобрување на спермограм:
- Вит. Е ( дневно 400 iu)
- Вит. Ц (дневно 1000 мцг)
- Вит. Б12 (дневно до 300 мцг)
- Фолна киселина ( до 800 мцг)
- Селен (100-800 мцг)
- Цинк (60 мг)
- Л-карнитин( 2гр. )
- Ацетил Л-карнитин ( 1 гр)
- Л-аргинин( 4 гр.)

Природни лекови за плодност е 100% природен производ, кој се состои од мед, прополис, матичен млеч, лековити билки, лековити билки  мака  и цимет кои помагаат да се регенерираат на репродуктивните органи кај мажите и кај жените. Препаратот одржува и ја регулира хормоналната рамнотежа, ја зголемува сексуалната желба, подвижноста и бројот на сперматозоиди.
Постојат голем број на билни формули кои имаат огромна моќ и тоа како да помогнат во овој случак, но секако ке ви биде потребна консултација со лекар од природната медицина, или фитотерапефт или доктор со добри познавања на фитоелементите на билките, на  кој ке ја дадете довербата да ве советува како правилно да се користат за да дадат најдобар ефект, тоа е ваш избор.


Плодноста може да се зголеми со промени во животниот стил. Ако сте пушач, пробајте да престанете да пушите,  докажано е дека пушењето ја намалува плодноста. Јадете здрава храна. Истражувањата покажаа дека одредени витамини и минерали влијаат  на подобрување на плодноста кај мажите и кај жените. Прополисот и матичниот млеч, витамин Ц, витамин Е, селен и цинк се природни лекови кои  и помагаат  на плодноста. Јадењето ореви како што се Бразилски ореви, индиски ореви, сурови  бадеми и ореви се најдобрата превенција за машка неплодност. Свежо овошје и зеленчук, мед, се исто така најдобар извор на природни производи за подобрување на плодноста и мора да се најдат на вашето дневно мени.

Важни фактори кои би можеле негативно да влијаат на плодноста  се  стресовите. Многу студии покажаа дека ослободувањето од стрес  ја  зголемува плодноста. Научете како правилно да се релаксираат и да се справите  со секојдневниот стрес, бидејќи можеби е време да станете  родители.

Следете ги овие едноставни совети како  природно да  ја подобрите  плодноста.  Здравиот начин на живот без стрес и исфрлање на штетните навики од  секојдневниот живот ќе донесе резултати. Не губи надеж.

Tuesday, March 10, 2015

Панкреатитис и рак на панкреасот

Панкреатитис и рак на панкреасот

                

Панкреатитис е воспалување на панкреаасот. Нормалните клетки се заменуваат со лузна на ткивото и се акумулира kalcijum. Често се случува да се доведе и до благ пораст на диабет. Најчести причинители се: алкохол, вирусна инфекција и заболување на жолчната кеса или жолчниот канал. Исхрана богата со масти и месо се добар темел за оваа болест. На овој списот треба да се додаде и повредата на абдометот со прекумерна дебелина, нездрава храна и електричен шок.  Можат да го предизвикаат и одредени болести: хепатитис, заушки и многу др. Може да се јават дигестивни проблеми, дијабет  па дури и рак, како и како и проблеми со слухот, бубрежни проблеми и проблеми кај респираторните функции.
Не постои комерцијални лек кој може да го реши овој проблем. Всушност, веројатно во голема мера тие лекови или ако сакате таа  дрога да го  ииспровоцира. Ако продолжите да ги земате, проблемот може само да се влоши.

Кои
 симптоми се јавуваат  во случај на панкреатитис ?

Акутни случаи - на ненадејна појава на силно горење или прободување болка во горниот абдомен, со потенцијал гадење и повраќање. Болката може да се прошири на грбот. Влошена мобилност-покретливост. Лошата исхрана, алкохол и повраќање може да ја зголеми болката.
Хронични случаи- таа болка е поблага и не се јавува  одеднаш. Има вишок на гас, болка во мускулите и треска. Бидејќи постојаното воспаление може да предизвика фиброза на органи, можно е панкреасот да  е трајно оштетен. Ова хронична состојба доведува до неповратни промени во жолчката кеса. Во други симптоми се вклучуваат: абдоминална дистензија и оток, хипертензија, абнормално потење и масна столица.

Природни лекови кај панкреатитисот
Спроведување на клизма со брест. Исечете ја кората од брестот во многу мали парчиња (еден грст) и  ставете ги во сад  со 4 литри вода. Варете за 1-15 минути со постојано мешање. А потоа покријте ја и оставете ја да отстои половина час. Исцедете го и користете го додека сеуште е топло. Пијте  и применувајте  клизма.
Ставете полна лажичка lobelia (билка) во една чаша врела вода и оставете го да се вари  половина час. Една лажица од овој чај од  lobelia додадете и чај од брест, и пијте по една чаша половина час пред оброк и една пред спиење. Така, опушта и го чисти дигестивниот тракт. Најдобар ефект има е тинктурата од лобелија и брест.

                                    

Во случај на сериозна акутна криза применете чести fomentacijii со топла пареа на aбдоменот. Исто така неопходни се топло ладни туширања за пределот  на панкреасот. Земете дрвен активен јаглен во вид на кашна облога и ставете го на  заболениот дел. Лицето со ваков проблем мора да биде на строг режим на исхрана и пијалаци. Бидете на  пост со сокови за 5 до 10 дена, и да се пие  само вода, додека не поминат акутните симптими. Препорачуваме  повеќе цитрусни сокови, сок од морков, зелен зеленчук, кој е богат со hlorofil. Соковите  од млад јачмен и пченица се најважни кај проблеми од ваков тип.
Подоцна, после постот  со сокови и првата фаза на лекувањето не се прејадувајте, бидејќи така  го оптеретувате панкреасот. По завршувањето на акутната фаза и постот, бидете  на храна со ниски калории и ниска содржина на масти. Кај хроничен панкреатит, телото не произведува липаза правилно, без нив мастите не може да се варат добро. Значи бидете на храна со малку масти. Потребно е целосно да ги исфрлите вештачките, рафинираните и едноставни шеќери, рафинираните јаглехидрати, бидејќи тие предизвикуваат панкреатитис. Кажете им збогум на сите алкохолни пијалаци и кофеин. Пушењето доведува до оштетување на панкреасот и директно може да предизвика панкреатитис. Пазете се од пасивното пушење. Немојте да јадете месо. Јадете мешунки а внимателно и ограничено со орашастите плодови, исто така внимателно со јагленохидратите.
Со само малку грижа, акутните симптоми ќе исчезнат. Како и да е. Некои од нив ќе продолжат да имаат хронични симптоми со месеци или години. Ова се нарекува хроничен повратен pankreatitis. Важно е да по секоја цена се избегне оваа хронична состојба, или, ако е започната  да се обидете  и да се ослободите  колку што е можно побрзо. Pankreatitisот може да доведе до рак на панкреасот, кој е четврти водечки рак убиец во Америка.

Природните методи и лекови за рак на панкреасот може да ве извлечат од таа опасна болест

Ако треба да се избере за кои видови на рак овие методи имаат најмалку резултати, тоа ќе биде леукемија и рак на панкреасот, бидејќи нивните канцерогени  клетки брзо се размножуваат и напредуваат. Се проценува дека луѓето  можат да издржат со нив шест месеци, така што тие доаѓаат да се лечат на природен начин после 4-5 месеци од времето поминато со лекарите и нивните "витамини". Кога и е цел процес за ревитализирање е многу отежнат.

Една од важните работи во болести на панкреасот е да не се јадат слатки. Функцијата на панкреасот е да произведува инсулин, а како ендокрин орган да лачи и хормони. Панкреасот лачи две важни хормони: инсулин и глукагон, со кои се регулира нивото на шеќер во крвта и помага во варењето на храната. Последица на панкреатитот е гликозна нетолеранција и dijabetes. Бидете на  пост со сокови од 5 до 10 дена, и пијте само вода, додека не поминат акутните симптоми. Храната во желудникот  го форсира  панкреасот напорно да работи, а тоа е нешто што најмалку ви треба во овој момент. Во текот  на постите со сокови, многу често е потребно  да се разредува сокот со вода, и со 50% од вкупните количини. Некои  луѓе обично не можат да поднесат сок од јаболка или морков, едноставно затоа што содржат многу шеќер за некој кај кој панкреасот и воопшто не функционира. Потребно е да се користат хербални формули за хормоналната рамнотежа.
Многумина ќе се прашуваат каква врска  имаат тие формулаи со ракот на панкреасот?
Панкреасот е ендокрин орган. Ние не веруваме дека може да биде само еден  таков орган надвор од рамнотежа, тоа значи дека  целиот ендокрин систем е во иста состојба. Овие луѓе треба да ги користат билките  за ендокрините органи. Кај мажите, тоа е и тоник формула за мажи и жени, тоа е формулата за хормоналната рамнотежа.

Кашна облога со винобојка
И секогаш, дури и кога е зафатено подлабокото ткиво, винобојката  извлекува отрови. Користете  стандардна облога: срчењак, црвена детелина, лук, винобојка  и чапарал, заедно изблендирани во кaша. Toа е една од кашите за рак. Д-р Кристофер има неколку рецепти во книгата, кои се нарекуваат "мелем за рак." Но, овие состојки секогаш треба да се стават во вашиот блендер: црвена детелина- цветови, свежи чешниња лук, листови од чапарал и винобојка, со доста  тинктура срчењак. Излегува како некоја врста на каша. Оваа каша се става дирекно на кожата. Особено е  за исцелување на рак на кожата и слично, иако тоа исто така може да се користи во лекувањето на ракот кај други органи и подлабоки  ткива. Оваа  кашна облога  извлекува  токсини преку кожата која е наш најголем орган и систем за детоксификација и прочистување на отпадните материи па затоа и се нарекува. "Трет бубрег".

Вие треба да применувате многу масажи на регионот на панкреасот, да се поттикне поместување на токсините од панкреасот. Длабокото  дишење е многу важно. Кај ракот на било кој орган под дијафрагмата, треба да се работи повеќе  на експанзија и контракција на истите.
 
Рицинус пакети се применуваат и на заболените панкреасот.

Тие се многу ефикасни и ефективни во извлекување на  токсини и oтрови. Во принцип треба да се применуваат во регионот на градната коска на левата страна на најниското ребро до под брадавицата. Покријте ја целата област. А ако  треба да се стави на подрачјето на црниот дроб, треба да се  покрие дел од телото од најниското ребро на десната страна се до клучната коска. Затоа, треба да се натопи пола квадратен метар газа за да со облогата се опфати цел абдомен.
Повеќето луѓе не ставаат доволно голема облога. Нема ништо да ви штети  ако обвивката е малку поголема и покрива и други делови од телото, што најверојатно се и онака веќе исто така премногу болни  и инфицирани.


ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

Следните билки потикнуваат подобар прото на панкреасниот сок, потребен за варење на храната: Коприва (исцедена во сок), дрво од папаја (инфузија од листови) и шарен чкаљ или (гујина трева – најделотворна тинктура).
Ехинацеа, корен од линцура, љутич, бобици од клека или смрекинки го зајакнуваат панкреасот. Љутичот и ехинацеата немојте да ги користите подолго од две недели.
Коренот сладич помага за функционирање на сите жлезди.
Црвената детелина, корен од чичак и шарениот чкаљ (гујина трева) помагаат на црниот дроб, кој му помага на панкреасот.
Препорачуваме да се користи тинктура  за  ЦРН ДРОБ И ЖОЛЧКА  која ги има сите наведени билки.