Wednesday, March 11, 2015

Природни лекови за плодност



Природни лекови за плодност

третман за плодност



Во последните неколку децении проблемот  на брачната неплодност се повеќе се случува и многу парови не успеваат да имаат потомство. Ако во текот на еден период од две  години со редовни сексуални односи бременоста отсуства се смета за брачна неплодност. За третман на неплодност со редовна терапија, се препорачува  нов  начин на живот, промени во исхраната и употребата на природни лекови за плодност.

Покрај примената на медицински методи може да придонесат за зачнување и алтернативните
 терапии. Секако за нив ке морате да се обратите до стручни лица од таа област.

Причината за неплодност кај жените може да се должи на анатомски аномалии, инфективни болести, хормонална нерамнотежа и наследство. Неплодност, исто така, може да се случи ако имате проблеми со грлото на матката, појавата на оваа болест, конгенитални аномалии на репродуктивните органи, како и оштетување на јајцеводите. Големо влијание врз стерилитетот може да има и вишокот  телесна тежина, која, исто така, може да предизвика неплодност.

Во подоцнежните репродуктивни години кај жените се намалува квалитетот на јајните клетки . Неуредниот  начин на живот, стресот,  алкохолот  и  цигарите, исто така, имаат негативно влијание врз плодноста.

Кај мажите, постојат полесни или потешки нарушувања и болести кои  директно или индиректно можат да влијаат на репродуктивната сила. Проширување на крвните садови во тестисите, воспаление на тестисите како резултат на лице кои имало заушки, неспуштени тестиси, воспаление на надворешните  жлезди може да биде причина за неплодност кај мажите. Хронични болести како што се висок крвен притисок, дијабетес, високи масти, дебелина, сексуални инфекции, исто така, можат да влијаат на слабиот квалитет на спермата.


Витамини и минерали потребни за подобрување на спермограм:
- Вит. Е ( дневно 400 iu)
- Вит. Ц (дневно 1000 мцг)
- Вит. Б12 (дневно до 300 мцг)
- Фолна киселина ( до 800 мцг)
- Селен (100-800 мцг)
- Цинк (60 мг)
- Л-карнитин( 2гр. )
- Ацетил Л-карнитин ( 1 гр)
- Л-аргинин( 4 гр.)

Природни лекови за плодност е 100% природен производ, кој се состои од мед, прополис, матичен млеч, лековити билки, лековити билки  мака  и цимет кои помагаат да се регенерираат на репродуктивните органи кај мажите и кај жените. Препаратот одржува и ја регулира хормоналната рамнотежа, ја зголемува сексуалната желба, подвижноста и бројот на сперматозоиди.
Постојат голем број на билни формули кои имаат огромна моќ и тоа како да помогнат во овој случак, но секако ке ви биде потребна консултација со лекар од природната медицина, или фитотерапефт или доктор со добри познавања на фитоелементите на билките, на  кој ке ја дадете довербата да ве советува како правилно да се користат за да дадат најдобар ефект, тоа е ваш избор.


Плодноста може да се зголеми со промени во животниот стил. Ако сте пушач, пробајте да престанете да пушите,  докажано е дека пушењето ја намалува плодноста. Јадете здрава храна. Истражувањата покажаа дека одредени витамини и минерали влијаат  на подобрување на плодноста кај мажите и кај жените. Прополисот и матичниот млеч, витамин Ц, витамин Е, селен и цинк се природни лекови кои  и помагаат  на плодноста. Јадењето ореви како што се Бразилски ореви, индиски ореви, сурови  бадеми и ореви се најдобрата превенција за машка неплодност. Свежо овошје и зеленчук, мед, се исто така најдобар извор на природни производи за подобрување на плодноста и мора да се најдат на вашето дневно мени.

Важни фактори кои би можеле негативно да влијаат на плодноста  се  стресовите. Многу студии покажаа дека ослободувањето од стрес  ја  зголемува плодноста. Научете како правилно да се релаксираат и да се справите  со секојдневниот стрес, бидејќи можеби е време да станете  родители.

Следете ги овие едноставни совети како  природно да  ја подобрите  плодноста.  Здравиот начин на живот без стрес и исфрлање на штетните навики од  секојдневниот живот ќе донесе резултати. Не губи надеж.

1 comment:

  1. Поново се осећам тако благословено у свом браку након што је др Хало вратио мог мужа који се развео са мном на добре две године. Ја сам Мартинс Бенедита по имену из Београда, Србија. Иако имам уста по целом телу, неће бити довољно да се захвалим др Халоу за његову помоћ у мом животу. Мој муж се раздвојио са мном две године и без њега сам био у боловима и агонији. Дакле, свуда сам тражио помоћ, али ништа није успело док нисам мислио на др Халоа кога сам контактирао на мрежи. Објаснила сам му своју ситуацију и он је обећао да ће ми се муж јавити у року од три дана колико ми срце још куца за њега. Веровала сам у њега и он ми је припремио чаролију и муж ме је позвао тачно када је рекао др Хало. Молио се и рекао да му требам назад и сада поново живимо срећно последње две године. Сви који читају мој чланак којима је потребна помоћ треба да га контактирају. Е-пошта: дрхало111@гмаил.цом или Вхатсапп/Вибер +22999924583. Срећно 👍

    ReplyDelete