Friday, September 19, 2014

АНКСИОЗНОСТ



АНКСИОЗНОСТ

СИМПТОМИ кои можете да ги препознаете
·         Срцеви палпации
·         Чувство дека ќе ви се слоши
·         Неможност да се концентрирате
·         Напнатост на мускулите, болки во мускулите
·         Пролив
·         Болки во градите
·         Сува уста
·         Прекумерно потење
·         Прекумерно јадење или недоволно јадење
·         Несоница
·         Раздразливост
·         Задишаност, хипервентилација
·         Губење на половата желба
Речиси сите понекогаш се чувствуваме анксиозно. Кога постои некаква закана, тегоба или анксиозност, таа е природна појава-тесно поврзана со начинот на кој организмот се подготвува за соочување со опасноста: во крвотокот се ослободуваат адреналин и кортизон, се забрзуваат отчукувањата на срцето,  дишењето станува поплитко и побрзо, мускулите стануваат напнати, црниот дроб  ослободува шеќер, а психата е сосема будна и подготвена .
Се препознаваат многу различни нарушувања на анксиозност. Меѓу  нив се фобиите                  ( стравови од одредени состојби, како што е тесен простор, или посебни предмети, инсекти);  панични напади (ненадејни појави на исклучителен страв или напнатост, без некоја видлива причина);  посесивно – компулсивно нарушување (долготрајни, ирационални мисли, како што се ужаснување од инфекции или репететивно однесување на пример проверување дали е заклучена вратата);  посттрауматско стресно нарушување (долготрајна анксиозност по трауматско доживување) и генерализирана или неодредена анксиозност (необјаснето чувство на тресење од страв кое може да трае со месеци). Нарушувањата  обично почнуваат да се забележуваат во младешките години (13-19) или во почетните зрели години и се значително почести меѓу  возрасните отколку меѓу децата. Некои облици на анксиозност се многу тешки  за лекување, други добро реагираат на психотерапија и алтернативни начини на лекување.
ПРИЧИНИТЕЛИ
Анксиозноста може да биде последица на препознатлив стрес-како што е несреќа, смртен случај во семејството или губење на работата, ви тие случаи приспособувањето кон состојбата, со текот на времето ке дејствува.  Во други случаеви  стресот е невидлив-зачувано сеќавање на некој несреќен или засташувачки настан  од детството,  кој демне под површината на свесното и го открива своето постоење во анксиозноста. 
Чувствителноста на одредени видови храна , исто така може да допринесе за анксиозноста иако мора да се спроведат уште истражувања  за да се потврди целосно, но точно е тоа дека огромно влијание има алкохолот, тутунот, некои  долготрајни лекувања со хемиски лекови, шеќерите и недостаток на некои витамини и минерали а најмногу калциум.
ДИЈАГНОСТИЧКИ ПОСТАПКИ – Првиот чекор  е д се исклучи можноста дека тегобите ги предизвикува органска болест.  Меѓу болестите  кои создаваат симптоми слични на симптомите на анксиозност се вбројуваат  хипертиреодизам, хиперкалцемија или хипокалцемија ( премалку или премногу калциум), болест на коронарните артерии. Ако не може да се најде никаков органски виновник, а симптомите дејствуваат несразмерно на каква било состојба со која се соочувате, оваа состојба ќе се смета  како нарушување  од анксиоззност.
ЛЕКУВАЊЕ
Анксиозноста може да се лекува со Конвенционалната медицина и Природната медицина и многу други алтернативни пристапи.  Комбинацијата на Конвенционалната и Природната медицина  честопати е ефикасна.
ПРИРОДЕН НАЧИН НА ЛЕКУВАЕ
Започнете  со промена на штетните навики на живеење, вклучете здрава исхрана, доволен внес вода, чист  воздух, физичка активност, медитација и сл.  Различни билни препарати можат да послужат  како средство за смирување и јакнење на целиот систем и намалување на напнатоста. Лесната релаксациона масажа речиси  секогаш помага во опуштање и олабавување на мускулите. Аромотерапијата  е многу делотворна  кај анксиозноста. Пробајте етерични масла од  лаванда и сина камилица  или инхалирајте  пареа од маслото или капнете во топла бања, или да ставете капка на слепоочниците и да масирате.  
ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

                                                                Скутеларијата  ( Skutellaria lateriflora)

Камилицата, маточината, цветовите од липа   се сметаат за одлични  средства за олабавување и смирување. Маточината е особено добра за пречките  во варењето  поврзани со анксиозноста. Скутеларијата  ( Skutellaria lateriflora)   е малку посилна билка, а валеријаната     ( Valeriana officinalis), хмељот ( Humulus lupulus)  I пасифлората (Passiflora incarnate)  имаат уште посилно  дејствување на централниот нервен систем. Помагаат при несоница и можат слободно да се комбинираат.  За да се постигне голем ефект пожелно е да се користи јака билна формула или тинктура која содржи валеријана  при голема депресија. Ако анксиозноста е поврзана со палпилација, употребувајте обичен срченик .
Рецепт1:  Валеријана 30 гр, Липа 30 гр. Рузмарин 20 гр. Честославица 20 гр. Јагорчевина 20 гр.  Од оваа мешавина една лажичка прелијте со врела вода , оставете да отстои 2 минути потоа прецедете, пијте 3 шолји  дневно, наизменично со мајчина душица. Доколку болниот  насети криза треба да примени топла купка на рацете и нозете.  Добро е да се земе три лажици шветска тинктура која ја има во продажба во продавниците за здрава храна.
Земете дополнително магнезиум тој учествува во многу метаболитички процеси а посебно добро влијае на мускулатурата.
Задолжително откажете се од рафинираниот шеќер и кофеин,  алкохолот, масната и пржена храна, поготово сувомеснатите производи и млечните производи, вклучете многу овошје и зеленчук и цедени свежи сокови, како би внеле многу неопходни витамини и минерали.
Може ли емоциите да го ослабнат или ојачаат имунолошкиот систем?
Студиите покажуваат дека стабилниот и емоционалниот живот исто така е важен за добро здравје како и правилната исхрана, редовно вежбање и избегнување на алкохолот, цигарите и другите дроги... Позитивните емоции и здравите животни навики можат да потикнат производство на ендорфин хормон. Оваа таинствена материја го произведува мозокот и може да предизвика јако чувство на задоволство, смиреност и среќа. Тој хормон исто така го јакне имуниот ситем. Ендрофинот со други зборови помага да се чувствувате подобро но и да оздравите. Доволно одмарајте, работете нешто што ве исполнува и ве прави среќни.  Како што гледате многу многу ствари во животот можете сами да ги изберете, немојте да се двоумите, одлучете да уживате во животот таков каков што е. Радувајте се  на сонцето и на дождот. Вдишете го мирисот на цвеќето, возвратете на осмехот, играјте се со децата. Таквиот пристап кон животот е лесен а и ве чува од лошо расположение. Тој не ги зголемува долговите, наместо тоа нуди големи камати...

No comments:

Post a Comment