КАЛИНКА
Мислам дека калинката, со години неправедно е
запоставувана од страна на научниците. Во
последните 5 години е
потврдено со многу истражувања,за здраствените предности при
конзумирањето на калинката, и се објавени многу вредни изјави
за позитивните билни хемикалии кои произлегуваат од калинката.Докажано е дека сокот од калинката многу
добро и превентивно делува во
текот на радиотерапиите и
хемотерапиите и ги
онеспособува клетките на ракот на простатата, исто така се покажа дека калинката е многу моќен антиоксидант и има против воспалителни својства.
Заради големиот број семки кои ги
содржи во својот плод калинката уште одамна е симбол на плодноста. По потекло е
од пределот што се протега од Иран до северна Индија, од каде што старите Грци
го пренеле на Медитеранот. Потоа Маврите го однеле во Шпанија каде што станал
заштитен национален симбол, а дури и градот Гранада го добил името по ова
овошје (на шпански, калинка се вика гранада). Исцедениот сок од калинки се
користи за изработка на традиционалниот италијански напиток: la granatina. Ги
ублажува тегобите во климаксот
Постојат три вида калинки: многу кисели и два поблаги вида што се јадат. Според
виенскиот професор Хадемар Банкхофер, калинките ги ублажуваат тегобите во
климакс, а добри се и за простатата. Денеска се знае дека содржат витамин Ц,
витамин Б5 и калиум, а пред се, важни се и билните хормони. „Гинеколозите
откриле дека една калинка на ден ги ублажува тегобите во климакс“, објаснува
Банкхофер. Во калинката се содржани материи многу слични на естрогените и затоа
влијаат на нивото на хормоните. Освен тоа, калинката е овошје против стареење и
им помага на младите жени со хормонски проблеми. Оној што редовно јаде калинки,
ќе има цврсти нокти и убава коса, а и душевното нерасположение ќе исчезне,
тврдат научниците. Новите студии покажуваат и дека билните хормони на калинката
го намалуваат ризикот од појава на рак на простата. Освен плодот, во лековити
цели се користат и коренот, кората, лушпата и цветот.
Против паразити
Според некои автори, калинката е добра за работа на срцето додека е
општоприфатен како средство против цревни паразити. Кората од коренот на
калинката и кожичката во внатрешноста на плодот содржат три алкалоиди кои се
отровни за цревните паразити, но во одредена доза (0,5-0,6 грама) и за човекот,
па може да предизвика вртоглавица, повраќање, пролив и пречки во видот.
Богати со витамин Ц
Калинката спаѓа меѓу најстарите овошја што се користат во лековити цели. Уште
од античко време важел за природен лек затоа што е утврдено дека сокот од
калинки го подобрува апетитот и ја регулира работата на желудникот, одличен е
против скорбут (затоа што содржи многу витамин Ц), а поттикнува и излачување на
урината. Освен тоа, има силно дејство против болки и воспаленија. Во
комбинација со сок од моркови и цвекло им се препорачува на трудниците затоа
што содржи витамини од групата Б, железо, калиум, калциум, магнезиум, фосфор,
натриум и витамин PP. Калинката има позитивно влијание на вредноста на
тумор-маркерите за простата, PSA-маркери. Лекарите им препорачуваат на мажите
секој ден да пијат четврт литар сок од калинки.