Tuesday, February 10, 2015

БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО И КРВНИТЕ САДОВИ




   БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО И КРВНИТЕ САДОВИ


Многу од луѓето кои имаат заболувања на срцето не се ни свесни за тоа. Тоа е така затоа што обично болестите на срцето многу тивко се развиваат. Пред да се појави било какво оштетување на срцето, процесот наречен атеросклероза или (стврднување на артериите) се одвива во артериите на срцето повеќе години. Раната фаза на атеросклерозата се нарекува “масна пруга”. Овој процес не е само на срцевата артерија позната како “конорарна артерија”. Изразот заболувања на конорарните артерии најчесто се однесува на постепено стеснување - атеросклероза додека дејствува на срцевата артерија. Големите и средните артерии на целото тело можат да станат и да се стеснат со натрупување на масни материи.
Но, треба да се знае дека атеросклерозата не представува само насобирање на масни наслаги. Кога маста се насобира на внатрешната страна на артеријата (било која артерија) телото реагира, за да спречи формирање на крвно згрутчување. Тогаш тој ги покрива масните наслаги со дебел фиброзен омотач. Тоа е многу интересен одговор на нашиот организам, бидејки ако се дозволи масниот материал да влезе во директен контакт со крвта, тогаш може да се случи згрутчување на крвта. Значи фиброзниот омотач штити од смртоносно згрутчување. Овај дупли процес на атеросклерозата му дава свое име а тоа е “Атеро” што  го означува кашестиот дел или масниот материал кој се насобира во внатрешноста на артериите  и “склероза” кој го опишува тврдиот фиброзен материал, кој телото го произвел како одговор да се заштити. НО ДО КОГА ЌЕ СЕ ШТИТИ!!!!!

No comments:

Post a Comment